ПОВЕЌЕ

    3 предизвици со кои се соочува биткоинот

    Време зa читање: 2 минути

    Биткоинот, најпознатата криптовалута и најголемиот криптосет во светот, пред неколку дена достигна нов историски рекорд од 19.510 долари.

    Но сепак, постојат три предизвици на кои што биткоинот не е имун:

    1. Економски предизвик

    На 27.9.2017 година имаше издадени 16.590.688 BTC, а се очекува во 2140 година да биде достигната границата од 21 милиони BTC коишто можат да постојат во системот и повеќе нема да може да се издава “валутата”. Под хипотетичка претпоставка, ако во некоја економија Bitcoin се користи како основна валута, таа ќе се соочи со ефектите на постојана дефлација.

    1. Технички предизвик

    Бидејќи записите, блокови во базата со податоци постојано се додаваат во синџирот, има сѐ повеќе Bitcoin трансакции и јазли во мрежата, сѐ повеќе расте и датотеката којашто ја содржи базата со податоци. Така, во август 2014 година таа достигна големина од 20 GB, во јануари 2015 година големина од 30 GB, а потоа во период од една година, од јануари 2016 до јануари 2017 година, нарасна до цели 100 GB големина, што веќе претставува сериозен проблем ако апликацијата за Bitcoin се користи на мобилните уреди – телефони, таблети и слично. Кај постарите уреди со вграден послаб хардвер, посебно во поглед на мрежните карти, се појавува и проблем со брзината на размена на податоците во мрежата. 

    1. Доверливост на информации

    Кај плаќањата е битна доверливоста, информациите поврзани со плаќањето да не бидат отворени за сите учесници. Кај Bitcoin сите информации се видливи за сите јазли, со одредена доза на доверливост поради тоа што плаќачот и примачот се скриени под псевдоними, коишто пак можат да бидат разоткриени со помош на посебни алатки.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично