Од 2021 година, корисниците на Viber ќе можат да ја користат оваа платформа за купување стоки и услуги, со плаќање преку платформите Google Pay и Apple Pay.
Ракутен Вибер, сопственик на една од водечките глобални апликации за едноставна и бесплатна комуникација, прославува една деценија успешен бизнис со објавата дека преку презентирање на функцијата за плаќање со чет-ботови, покрај постојните функции за пораки, влегува и во областа на финансиските технологии. Отсега, корисниците на Viber ќе можат да ја користат оваа платформа за купување стоки и услуги, со плаќање преку Google Pay и платформата Apple Pay.
Украина е избрана да стане првата земја во која ќе се активира оваа функција, додека спроведувањето во другите земји е планирано за 2021 година.