Новиот усвоен предлог-закон за финансиска поддршка од страна на Владата, а се однесува на поголема финансиска поддршка за исплата на плати на компаниите кои се потешко погодени од корона-кризата, односно кои имаат поголем пад на приходите.
За оваа мерка не можат да аплицираат фирми кои во јуни, јули, август и септември исплатиле нето плата по вработен повисока од 39.900 денари.
Мерката не можат користат и фирми кои за вработени ја користат мерката „Македонија вработува“, како и за вработени кои се ангажирани за дополнително работење.
Додека пак, работодавачите кои ќе ја користат мерката, не смеат да го намалат бројот на вработени два месеци по завршување на месецот за кој е користена финансиската поддршка, заклучно со февруари 2021 година, освен во случај на пензионирање, откажување на договорот за вработување од страна на работникот, спогодбено преземање на работникот, откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски и слично.