ПОВЕЌЕ

    Анализа: Побарувачката на деловни одела во континуиран пад, тоа повлекува и бројни поврзани дејности

    Време зa читање: 4 минути

    Неверојатно е колку се меѓусебно поврзани дејностите во ланецот на пазарот на трудот. Можеби се прашувате каква е поврзаноста на овците со деловните одела? Всушност, тие се повеќе поврзани отколку што мислите.

    Италијанските фабрики за предење ги откажаа нарачките бидејќи падна побарувачката за одела, па просечната цена на познатата австралиска волна, сега е повеќе од преполовена, минатиот месец на 8,58 долари за килограм .

    На намалувањето на побарувачката за одела директно влијаеше и масовната работа од дома и поради тоа, одгледувачите на овци во оваа далечна земја индиректно страдаат, имајќи предвид дека цената на мерино волната – клучен материјал за одела, е во слободен пад со месеци.

    „Ројтерс“ пренесува дека оделата на престижниот дизајнер од Италија, Брунел Кучинели (познат како „кралот на кашмирот“) чинат до 7.000 евра. Богатите Италијанци не бараа цена пред пандемијата, но сега едноставно не им требаат нови одела. Самиот Кучинели со месеци не облекол јакна и панталони, а камоли да ги купи.

    Промените што ги донесе пандемијата несомнено се прелеаа во синџирот на снабдување во текстилната индустрија, на сите континенти. Австралија, која е најголем светски производител на мерино волна, сега бележи најниски нивоа на продажба, како и цени.

    Заради споредба, цената на оваа волна за килограм изнесуваше дури 20,16 долари на почетокот на годината, што значи дека падна за повеќе од 50 проценти. Оние што одгледуваат овци имаат голем проблем, па сега се обидуваат да го складираат материјалот, надевајќи се на подобри денови во иднина. Дури и кога побарувачката за костуми започнува повторно, земјоделците, многу сигурно, ќе мора да чекаат за наплата.

    Закрепнувањето ќе трае 3 години

    Текстилните фабрики деновиве не знаат што да прават со суровините. Водечките клиенти, претежно од САД и Европа, главно ги откажуваат нарачките, а единствената „светла точка“ во сè е Кина. По Италија, таа земја е меѓу првите купувачи на австралиска волна, што се извезува за 3 милијарди долари годишно.

    Сега само Кинезите купуваат волна, но во помали количини. За жал, не сите земјоделци имаат можност да складираат волна. Сега кога побарувачката за костуми престана, па земјоделците ќе мора да се преориентираат кон продажба на месо.

    Италијанските занаетчии велат дека очекуваат годинава приходите да паднат за најмалку 25 проценти. Помалите ќе бидат уште повеќе погодени, се проценува пад до 80 проценти.

    Она што дополнително не им помага на занаетчиите и одгледувачите е дека побарувачката за костуми неизбежно се менува, без оглед на пандемијата. Според експертите, тоа е така затоа што самите компании им дозволуваат на вработените да се облекуваат лежерно. На пример, платформата Lyst дошла до заклучок дека во 2020 година, најпродаваната марка за облека била „Nike“, бидејќи луѓето масовно работеа од дома и купуваа удобна облека.

    Најмалку барана облека

    Минатиот месец најмалку продадени костуми беа во Италија, Германија и Франција, од сите алишта, по најниска цена. Ова го покажуваат податоците на компанијата “StyleSage”. Во исто време, најголем пад бележат пониски и средно рангирани брендови, а меѓу нив се и „Ges“, „Asos“ и „Hugo Bos“.

    Сепак, ситуацијата не е критична само во Европа. Многу бизниси во Соединетите Држави пропаѓаат, па „Coresight Research“ предвидува дека оваа година околу 20.000 продавници за облека ќе го стават „клучот на врата“, бидејќи не можат да се справат со финансиските притисоци. Истражувањата, исто така, покажуваат дека Американците овие денови трошат малку на облека.

    Кројач од Лондон, Јеспер Литман, вели дека неговите клиенти сега главно „седат дома, во пижами“. До пандемијата, тој шиел околу 200 костуми годишно, а во 2020 година продал „само“ 63. Исто така, добар дел од клиентите сè уште не ги презеле своите одела, кои Литман веќе ги сошила, бидејќи не брзаат, нема каде да ги носат.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично