ПОВЕЌЕ

    Зошто е важно да се придржуваме кон договореното?

    Време зa читање: 4 минути

    Колку пати ви се има случено, да се договорите и кога ќе дојде до моментот на имплементација на она што сте се договориле, само вие ги извршувате обврските, а другите не или, пак, ги одложуваат?
    Колку пати ви се случило, да се договорите и вие да не се придржувате до договореното?

    Но, пред да прејдам на тоа зошто е важно да се придржувате до дадениот збор, да споделам со вас кои се причините поради кои не се придржуваме кон дадениот збор:

    • Кога некој ќе не замоли да направиме нешто, ние велиме ОК, само за да го контролираме мислењето што го имаат луѓето за нас, дека сме вредни, се плашиме од можно разочарување во нас, па махинално велиме ОК.
    • Велиме ОК веднаш, но после тоа сфаќаме дека не можеме да го направиме тоа и тогаш се вплеткуваме во негативно чувство.
    • Велиме ОК од прва, но после тоа сфаќате дека со тоа некој ве контролира (нели, ако не го завршите ќе бидете виновни и ќе се збори за вас) па соодветно на тоа се појавува отпор кон тоа што треба да го направите и за инат не го правите!
      И што и да е, после тоа почнувате да наоѓате изговори (лажги) кои најчесто се сведуваат на тоа дека не сте имале време или дека сте имале други приоритетни работи или не знам што…

    Еве ви неколку причини зошто е важно да го направите тоа што сте го договориле:

    Интегритет – за мене, тоа што сме се договориле дека ќе го сторам е прашање на интегритет. Не би се чувствувал добро со себеси, ако не го одржам зборот. Зборот ми значи – не го сфаќам лесно. Ако вашето придржување кон договореното не ви значи многу, тогаш треба да се запрашате зошто е тоа така?
    Доверба и сигурност – не им верувам на луѓето кои не се придржуваат кон договореното. Ако некој ме изневери неколку пати, тогаш знам дека не се сигурни за понатамошна соработка. Пријателствата и соработките напредуваат со доверба. Јасно ми е дека ова е можеби ограничувачки, но барем сум си на чисто.
    Почит – губам почит кон луѓето чиј збор не им значи ништо, а сè повеќе и повеќе луѓе ги има такви. Некако се чувствувам изманипулиран кога некој вели дека ќе направи нешто, а потоа нема да го стори тоа. Секако, има добра причина зошто тоа не е направено иако рекле дека ќе го направат, но ако тоа се повторува, тогаш нешто не е во ред со почитта кон мене.
    Самопочит – добро бе, кога ќе изневериме некого, не ви е малку тажно на душата, да не може да го погледнете човекот во очи? Навистина не разбирам, како може да не си се цените самите себеси со тоа што не стоите на својот збор! Со неисполнување на она што сте го ветиле, не се почитувате самите себеси, а кога не се почитувате самите себеси, тогаш зошто да очекувате другите да ве почитуваат?

    Моќ – со исполнување на договореното, се зголемува вашата моќ и самодовербата. Како последица на тоа, си влијаете и на вашиот развој. Да не зборам за довербата која ја градите кај луѓето околу вас
    Ете затоа постарите велат: „Твојот збор е твое ветување“. Што значи, ако кажете дека ќе направите нешто, подобро е да го сторите тоа.

    „Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат на www.pari.com.mk во соработка со www.tipoftheweek.co обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој:

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично