Сер Џим Ратклиф, опишан од британските медиуми како најбогатиот Британец и еден од главните поборници за Брегзит, ја напушти Велика Британија и се пресели во Монако.
И покрај неговите претходни тврдења дека Велика Британија ќе биде совршено успешна без ЕУ, Ратклиф (65) одлучи да ја напушти својата родна земја и да се пресели во Монако, каде не се плаќа данок на доход, пишува Гардијан.
Ретклиф е сопственик на најголемата британска петрохемиска компанија „Инеос“, а неговото богатство се проценува на 17,5 милијарди фунти (околу 19,2 милијарди евра).
Гардијан проценува дека преселбата во Монако ќе го спаси Ретклиф од четири милијарди фунти.