ПОВЕЌЕ

    Herbalife мора да плати казна од 123 милиони долари за давање мито

    Време зa читање: < 1 минутa

    Хербалајф, компанија која продава додатоци на храна, ќе мора да плати казна од 123 милиони долари, пренесува Ројтерс.

    Хербалајф е виновен за поткуп на кинески медиуми и владини претставници за промовирање на продажбата во Кина.

    По три години, компанијата постигна договор со обвинителството, кога беше договорено да го признае кршењето на законот, со што се спречуваат неколку форми на мито во соработка со странски држави.

    Американските власти тврдат дека Хербалајф поткупил кинески официјални лица во периодот од 2007 до 2016 година. Тие ги поткупиле со пари, разни форми на забава, оброци и патувања. Главните цели на митото биле да се добијат лиценци за продажба, да се намали владината контрола врз компанијата и да се потиснат негативните вести од државните медиуми.

    Кина учествува со 19 проценти во приходите на Хербалајф што генерираше продажба од 4,49 милијарди долари во 2016 година. Ова е зголемување за седум проценти од 2006 година, периодот кога државните службеници биле поткупени во компанијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично