Оваа теза е докажана со тековните меѓународни истражувања кои зеле предвид неколку клучни фактори во услови на пандемија. Кога зборуваме за првиот бран на Ковид 19, научниците докажаа дека жените, кои се на чело на државите, подобро управуваа со кризата отколку мажите.
Поточно, тие земји забележаа пониско ниво на смртност, што не може да се тврди дека и во иднина ќе биде тренд, пренесува Блумберг.
Истражувачите забележале дека Финска се справила подобро од Австрија, Исланд и Норвешка значително подобро од Ирска, Германија подобро од Холандија, а Нов Зеланд води пред Велика Британија.
Истражувањето исто така се „дистанцира“ од тврдењето дека жените се генерално подобри лидери, но се фокусира само на управување со пандемијата од Ковид 19. Доналд Трамп, на пример, е претседател на земја што бележи рекорден број смртни случаи од вирусот корона. Дополнително претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, короната ја нарече „мал грип“.
Додена Ангела Меркел (Германија), Џасинда Ардерн (Нов Зеланд), Ерна Солберг (Норвешка), пак, ја сфатија ситуацијата посериозно.