ПОВЕЌЕ

    Данска ќе ја намали старосната граница за пензионирање за професии кои се со голема физичка активност

    Време зa читање: < 1 минутa

    Додека светската старосна граница за пензионирање се зголемува, во Данска таа ќе биде намалена.

    Новиот дански пензиски модел, кој беше претставен вчера пред јавноста, ќе им овозможи на 38.000 луѓе да се пензионираат до 2022 година, дури и пред да ја исполнат старосната граница. Тој број треба да се зголеми на 49.000 луѓе до 2025 година.

    Прочитај повеќе за Норвешкиот пензиски фонд.

    Имено, данската влада предлага да се овозможи пензионирање на лица кои имаат 42-годишно искуство и 61 година. Во моментов Данците се пензионираат со просечна возраст од 66 години.

    Оваа реформа на пензискиот систем е наменета пред се за луѓе кои физички работат. Премиерот Мет Фредериксен ја коментираше одлуката, велејќи дека „луѓето треба да се пензионираат пред работата целосно да ги исцеди за да уживаат во остатокот од животот, да се посветат на семејството и интересите што не можеле да ги следат за време на нивниот работен век“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично