Во Кина се очекува контунуирано закрепнување на еконономијата до крајот на годината, под влијание на мерки за поттикнување, воведени за санирање на штетата предизвикана од пандемијата.
Растот на кинеската економија би бил побрз доколку немаше притисок од слабата светска побарувачка и растечките тензии помеѓу Вашингтон и Пекинг.
Вториот најголем светски пазар се очекува да порасне за 2,2 проценти во 2020 година, додека според претходните проценки од април, тој раст се проценува на 1,8 проценти.
Зголемувањето од 2,2 проценти би бил најслаб резултат од 1976 година – последната година на „Културната револуција“.
Кинеската економија порасна за 3,2 проценти во вториот квартал од 2020 година во однос на истиот период во 2019 година, една година по рекордниот пад од 6,8 проценти во првите три месеци од оваа година.
Причината е појавата на епидемија од коронавирус и строги мерки за затворање, кои парализираа поголем дел од земјата.
Аналитичарите предупредуваат дека закрепнувањето во голема мера зависи од стимулациите на владата, додека трошењето останува слабо.
Националните расположливи приходи по глава на жител во првата половина од годинава ослабеа за 1,3 проценти, покажаа официјалните податоци.