Основачот на Тесла, Илон Маск, објави дека планира да изгради нова гигафабрика во близина на Остин, Тексас. Како што тој најави, таа ќе биде еколошки рај и ќе биде отворена за јавноста. Илон додаде:
“Во близина ќе има велосипедски и пешачки патеки. Просторот на којшто ќе се гради фабриката опфаќа околу 2.000 хектари и ќе биде оддалечена 15 минути од центарот на Остин.“