Неколку потенцијални кандидати се во трка да го преземат кормилото на Светската трговска организација (СТО), во време кога институцијата поминува низ длабока криза.
Актуелниот генерален директор Рикардо Азеведо од Бразил, истакнал дека ќе ja напушти СТО на 31 август, една година пред официјалното истекување на неговиот мандат.
Азеведо ги наведел личните причини за заминувањето, но исто така потенцирал дека би било добро организацијата да има поинаков лидер кој успешно би се соочил со „новата пост-ковидна реалноста“.
Промената се одвива и во време кога многумина ја доведуваат во прашање иднината на СТО како застапник за меѓународна трговија.
Потенцијалните кандидати се истакнати во својата област на делување и доаѓаат од неколку земји во светот.
1. Исус Сеад Кури, Мексико:
По професија е економист, кој работи во мексиканското Министерство за надворешни работи од 2018 година. Кури бил главен преговарач на земјата за трговскиот договор за САД, Мексико и Канада, познат како USMCA.
2. Нгози Окоњо-Ивела, Нигерија:
Кандидатката на Нигерија е глобален експерт за финансии, а била и министер за финансии во земјата во два наврати. Окоњо-Ивела во 2019 година од страна на „Транспаренси Интернешнл“ е прогласена за една од „осумте жени борци против корупцијата кои инспирираат“, а во 2014 година магазинот „Тајм“ ја прогласи за една од стоте највлијателни личности во светот.
3. Абдел-Хамид Мамдух, Египет
Мамдух работи како консултант од 2017 година, но претходно работел и во СТО. Тој бил директор на трговијата со услуги и поделба на инвестициите на институцијата помеѓу 2001 и 2017 година.
4. Тудор Улијановски, Молдавија
Улијановски бил министер за надворешни работи на Молдавија помеѓу 2018 и 2019 година и е дипломат веќе 15 години.
5. Јо Мијунх-хе, Република Кореја
Министерката за трговија на Кореја, Мијунг-хе е една од кандидатите за лидерство на СТО. Во 1995 година, таа била одговорна за работите на СТО во корејското Министерство за трговија.
6. Амина Ц. Мохамед, Кенија
Мохамед била министер за надворешни работи и меѓународна трговија во Кенија меѓу 2013 и 2018 година. Во оваа улога, таа претседавала со министерската конференција на СТО во 2015 година.
7. Мохамед Мазиад Ал-Тувајтри, Кралство Саудиска Арабија
Станува збор за актуелен министер за советување на кралскиот суд за меѓународни и локални економски стратешки прашања во Саудиска Арабија. Пред да стане министер, бил банкар.
8. Лиам Фокс, Велика Британија
Фокс е поранешен државен секретар на САД за меѓународна трговија и во моментов е пратеник во Собранието на САД. Тој поддржува ажурирање и реформа на СТО.