Ако некогаш сте платиле за нешто со вашиот телефон, сте префрлиле пари со користење на апликација или сте го провериле изводот на вашата банка преку Интернет, тогаш веќе сте дел од ФинТек индустријата. Тоа е индустрија што ги менува економиите ширум светот. ФинТек е краток збор за финансиска технологија. Тој термин вклучува огромен спектар на производи, технологии и деловни модели кои ја менуваат индустријата за финансиски услуги.
Се однесува на сè, од безготовинско плаќање, до платформи за собирање пари, до робо-советници, до виртуелни валути. Значи, секој пат кога ќе донирате на нечија кампања на Kickstarter, тоа е ФинТек. Или ако префрлите пари на некој што користи Venmo, тоа е исто така ФинТек. И тоа е само почеток.
Глобалното инвестирање во овој сектор се зголеми за скоро 100 милијарди американски долари од 2010 година. Само во 2017 година, финансиските инвестиции се зголемија за 18%. Стартапите што се фокусираат на технологиите за плаќање и заеми добија најголем дел од овие средства. Не се само мали фирми што влегуваат во ФинТек. Некои од најголемите светски компании од „Епл“ и „Алибаба“ исто така одат на големо во оваа индустрија.
Една од причините за целата оваа инвестиција е бидејки потрошувачите ја усвојуваат брзо. Кина и Индија го водат патот со тоа што повеќе од половина потрошувачи користат услуги како трансфери на пари, финансиско планирање, позајмување и осигурување. Финансиската технологија ја полни празнината за луѓето ширум светот кои немаат пристап до традиционални банкарски услуги. Всушност, се проценува дека скоро две милијарди луѓе ширум светот се без банкарски сметки.
Сега, благодарение на ФинТек, сè што ви треба е вашиот телефон. Кенија на пример, беше пионер на мобилен банкарски систем наречен М-Песа. Кенијците пристапуваат до нивните сметки на М-Песа директно од своите мобилни телефони за да префрлаат пари, да плаќаат сметки или да земат заеми. Денес, околу 96% од домаќинствата во Кенија користат М-Песа и една студија покажа дека помогна да се отстранат околу 2% од кениските домаќинства од екстремна сиромаштија.