ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка изработи 35.000 платежни картички и бара од граѓаните да ги ажурираат податоците

    Време зa читање: 2 минути

    НЛБ Банка денеска информираше дека се изработени првите 35.00 домашни платежни картички и дека се во фаза на дистрибуција. Сите корисници на финансиската поддршка кои се распределени во НЛБ Банката ќе добијат СМС порака дека картичката е изработена и ќе биде доставена на домашна адреса.

    „За точна и навремена достава на картичката, НЛБ Банка ги повикува сите клиенти кои сè уште не ги ажурирале своите податоци, да го сторат тоа во најкус можен рок, преку веб страницата на Банката на линкот https://nlb.mk/domasnaplateznakarticka.aspx и да ги внесат потребните  податоци. Воедно, по добивање на картичката клиентите ќе можат да ги следат сите свои реализирани трансакции и да имаат увид во состојбата на нивната картичка преку НЛБ мКлик мобилното банкарство кое може да го преземат и користат без дополнителни трошоци и надоместоци“, се наведува во соопштението.

    НЛБ Банка ќе изработи вкупно 113.000 картички. Издавањето ќе се одвива етапно, а крајниот рок е 18 јули. Граѓаните ќе можат да ги користат средствата од картичката до 15 август за купување македонски производи.

    За повеќе информации во врска со домашната платежна картичка, граѓаните може да се обратат на телефонскиот број 02/ 15 600, на e-mail: info@nlb или директно да ја контактираат Банката преку социјалните мрежи.

    Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

    Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> топ 100 најголеми ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично