ПОВЕЌЕ

    Акциите на светските берзи и денеска бележат раст

    Време зa читање: 2 минути

    Акциите на светските берзи и денеска бележат раст, како резултат на намалената стапка на смртност од коронавирусот во европските жаришта Италија и Шпанија, но и натаму внимателно се тргува, бидејки инвеститорите ги очекуваат најлошите квартални извештаи за заработка, од финансиската криза во 2008 година.

    Паневропскиот индекс СТОКС 600, утринава порасна за 0,4проценти, откако во петокот беше заклучен со најголемиот двонеделен процентен раст од 2015 година, пренесува Ројтерс.

    Сепак, вредноста на овој референтен индекс е и натаму за околу 23 проценти, под рекордното ниво, забележано во фебруари годинава.

    Аналитичарите проценуваат дека компаниите од индексната група СТОКС 600, ќе објават пад на заработувачката од 22 проценти, наместо предвидениот раст на добивката од 10,5 посто, покажуваат податоците од агенцијата „Рефинитив“, која ги следи финансиските показатели.

    Холандската компанија за медицинска технологија „Филипс“, ја повлече првичната прогноза за добивката во 2020 година, бидејки епидемијата од вирусот Ковид 19, го анулираше поголемиот дел на заработката во првиот квартал. Но и покрај тоа, аkциите на „Филипс“ пораснале за 2,7 проценти на денешното тргување.

    Акциите на француската медијска корпорација „Вивенди“ забележaла раст за 4,5 проценти, откако компанијата пријавила поголеми приходи за првото тромесечје, за што најголем придонес во добивката има нејзината компанија „Универзал“, која работи во музичкиот сектор.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично