ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка АД Скопје разгледува можност за стекнување акции на Еуростандард банка и евентуална намера за преземање во иднина

    Време зa читање: < 1 минутa

    Согласно Глава 6 од Правилата за котација, Комерцијална банка АД Скопје известува за следната ценовно чувствителна информација:

    Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека ја разгледува можноста за стекнување акции издадени од Еуростандард банка АД Скопје, поради што е остварен контакт со раководството на банката за првична размена на информации.

    Во оваа рана фаза постапката не претставува намера за преземање и во ниту еден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамки на претходна постапка да се стекнат информации, врз основа на кои би се дефинирала евентуална намера за преземање во иднина.

    Поради тоа, ова Известување не треба да се толкува како официјална Намера за преземање на акциите издадени од Еуростандард банка АД Скопје, се вели во известувањето на Комерцијална банка АД Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично