ПОВЕЌЕ

    Мобилна апликација – KomPay на Комерцијална банка што овозможува бесконтакно плаќање!

    Време зa читање: 5 минути
    Што е KomPay?

    KomPay е бесплатна мобилна апликација на Комерцијална банка која овозможува бесконтактно плаќање на продажни места.

    KomPay апликацијата Ви овозможува со помош на дигитализирани платежни картички да се вршат плаќања на ПОС терминали кои ја поседуваат технологијата за бесконтактни плаќања, без употреба на физичката банкарска картичка.

    Преку KomPay, мобилниот телефон станува замена за платежна картичка.

    Платежните картички од Комерцијална банка може едноставно да се дигитализираат во KomPay апликацијата и безбедно да се чуваат во смартфонот. Со тоа се овозможува бесконтактно плаќање со смартфон наместо со картичка.

    KomPay Ви овозможува да изберете со која дигитализирана картичка да се изврши плаќањето. Можностите за користење на дигитализираната банкарска картичка се согласно расположливите средства на сметката на физичката дебитна картичка, односно состојбата на сметката на кредитната картичка.

    KomPay е прва ваква апликација достапна на македонскиот пазар и со тоа на нашите граѓани за прв пат им е овозможена најсовремената технологија за овој вид плаќање.

    Предности:

    – Вашиот смартфон е секогаш во допир со Вашите прсти, а од сега со него ќе можете и да вршите плаќања;
    – можете да го користите секаде каде има ПОС терминали со бесконтактен начин на плаќање со картичките (PayPass);
    – од сега секоја Mastercard® картичка од Комерцијална банка може да биде бесконтактна;
    – можете да вршите плаќања без активна интернет конекција (до 10 плаќања пред повторно да се поврзете на интернет);
    – овозможено е брзо, едноставно и безбедно плаќање, на голем број продажни места секаде во светот;
    – се користи најсовремена технологија за плаќање и заштита;
    – нема надомест за преземање и активирање на апликацијата;
    – бесплатно се регистрираат две Mastercard® картички по корисник во промотивниот рок до 30.09.2019 година.

    За успешно регистрирање на KomPay мобилната апликација, потребно е:

    – да поседувате активна картичка издадена од Банката;
    – да ја преземете последната верзија на KomPay мобилната апликација од Google Play Store;
    – да обезбедите активна интернет конекција;
    – да ја активирате NFC опцијата на својот мобилен уред;
    – да го регистрирате Вашиот e-mail на кој Банката ќе Ви испрати код за верификација;
    – да ги прифатите Условите за користење на KomPay;
    – да изберете ПИН кој ќе го користите за најава и при плаќање.

    Со KomPay можат да се дигитализираат сите Mastercard® картички кои ги поседувате, без оглед дали пластиката која ја поседувате е бесконтактна или не.

    Постапката за дигитализација на физичката картичка на KomPay мобилната апликација се реализира во неколку чекори:

    1. Внесете ги деталите од физичката банкарска картичка, односно бројот на картичката, рокот на важност и CVC2 кодот;
    2. Ви се испраќа верификациски код како износ на трансакција, кој ќе биде евидентиран како резервирана трансакција на сметката на картичката која ја дигитализирате;
    3. Внесете го верификацискиот код (3 цифри без децимална точка) во соодветното поле на KomPay мобилната апликација;
    4. Прифатете ги Условите за користење на дигитализирани банкарски картички преку мобилната апликација KomPay;
    5. Дигитализацијата е успешна со појавување на сликата на соодветната банкарска картичка на екранот на мобилната апликација KomPay.

    Плаќање за една секунда

    Со KomPay може да се плаќа на сите продажни места каде има терминал за бесконтактно плаќање (contactless payment):

    Постапката на плаќање со KomPay е многу едноставна:

     

    Kompay3

    Kompay4

    Kompay5

    Отвори ја апликацијата и избери ја картичката со која сакаш да платиш

    Допри го смартфонот на терминалот за плаќање

    Плаќањето е реализирано

    Листата на продажни  места со можност за бесконтактно плаќање постојано се зголемува. Очекувајте бесконтактното плаќање да биде овозможено во ресторани, кафулиња, бензински станици, продавници од секаков вид, супермаркети и на многу други места.

    Достапност

    KomPay во овој момент е достапна за Android™ уреди преку бесплатно преземање од Google Play. Потребно е да имате уред со најмалку Android 4.4 и NFC технологија.

    мБанка за физички лица на app store

    Со неа можат да се дигитализираат сите Mastercard® платежни картички издадени од Комерцијална банка АД Скопје – дебитни, кредитни, премиум и деловни. Натамошните верзии на апликацијата ќе овозможуваат дигитализација и на Visa картичките на Банката, за што ќе бидете на време известени.

    Надоместоци

    Искористете го промотивниот период до 30.09.2019 година и бесплатно дигитализирајте до две Mastercard® картички од Комерцијална банка.

     

    Преземање и активација на апликацијата

    без надомест

    Дигитализација на картичка

    150 денари со вклучен ДДВ по картичка, еднократно

    *Надоместокот за дигитализација на една платежна картичка е еднократен. При евентуална замена на пластиката за картичката која е веќе дигитализирана (поради обнова, оштетување или кражба) не се наплаќа повторно надомест за дигитализација.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично