Народната банка објави 2 огласи за вработување:
ОГЛАС 1
Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на двајца извршители на неопределено време, и тоа: еден извршител на работното место „помлад аналитичар“ во Отсекот за движења во реалниот сектор во Дирекцијата за монетарна политика и истражување и еден извршител на работното место „помлад дилер“ во Отсекот за чување и управување со девизните резерви во Дирекцијата за операции на финансиските пазари.
Висината на основната (нето) плата за работните места од точка 1 изнесува 38.641,00 денари.
Висината на основната (нето) плата за работните места од точка 1 за време на приправничкиот стаж, изнесува 70% од основната (нето) плата и ќе изнесува 27.292,00 денари.
Висината на основната (нето) плата за работните места од точка 1 за време на пробната работа, изнесува 50% од основната (нето) плата и ќе изнесува 19.721,00 денари.
Рокот за доставување на документите изнесува 7 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.
Линк до ОГЛАСОТ каде може да ги најдете условите за аплицирање!
ОГЛАС 2
Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на седум извршители на определено време, и тоа:
– еден извршител на работното место „преведувач II степен“ во Отсекот за издавачки услуги во Кабинетот на гувернерот;
– еден извршител на работното место „помлад организатор почетен степен“ во Отсекот за изработка и промет на вредносници во Дирекцијата за трезорско работење;
– еден извршител на работното место „самостоен советник“ во Дирекцијата за правни работи;
– еден извршител на работното место „помлад правник почетен степен“ во Отсекот за правна поддршка во општи правни работи во Дирекцијата за правни работи;
– еден извршител на работното место „помлад аналитичар почетен степен“ во Отсекот за оперативни работи во Дирекцијата за платни системи и
– двајца извршители на работното место „чувар почетен степен“ во Рефератот за физичко обезбедување и противпожарна заштита во Дирекцијата за техничко одржување, обезбедување и архива.
Висината на основната (нето) плата за работните места од точка 1 алинеи 2, 4 и 5 ќе изнесува 19.893,00 денари, за работното место од точка 1 алинеја 1 ќе изнесува 45.264,00 денари, за работното место од точка 1 алинеја 3 ќе изнесува 61.445,00 денари, а за работното место од точка 1 алинеја 6 ќе изнесува 17.895,00 денари.
Рокот за доставување на документите изнесува 7 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.
Линк до ОГЛАСОТ каде може да ги најдете условите за аплицирање!