ПОВЕЌЕ

    Капитал банка со нови картички за бесконтактно плаќање

    Време зa читање: 2 минути

    Капитал Банка АД Скопје следејќи ги пазарните трендови воведе можност за бесконтактно плаќање со платежните картички од брендот на MasterCard.

    Капитал банка објавува дека отсега нивните клиенти ќе може да уживаат во едноставноста и брзината што ги прават бесконтактните плаќања удобни и комфорни.

    Со воведувањето на бесконтактните плаќања Капитал банка обезбедува поголема практичност и физичка безбедност, бидејќи при процесот на плаќање картичката е во рацете на корисникот, без при тоа некој да може да ги види податоците или злоупотреби податоците од картичката. Известувањето преку СМС порака при секоја успешна трансакција, на корисниците дополнително им дава сигурност во користењето на картичката, како и подобар увид на реализираниот промет со истата.

    Новиот модерен дизајн, како и функционалноста, ги прави препознатливи новите картички на Капитал Банка, кои се веќе достапни по најповолни услови на пазарот.

    Картичките се одобруваат без чланарина, а останатите придобивки се:

    Кредитни картички Mastercard Standard и Mastercard Gold

    Бесконтактно плаќање
    Купување во трговија без провизија
    Без членарина во првата година
    Грајс период од 45 дена, без трошоци
    Минимален процент на месечна отплата на искористениот износ од 3%
    СМС известување за секоја успешно реализирана трансакција
    Минимална документација при аплицирање и брз одговор
    Можност за учество во наградна игра

    Дебитна картичка Mastercard Debit

    Бесконтактно плаќање
    Без годишна членарина
    Купување во трговија без провизија
    СМС известување за секоја успешно реализирана трансакција
    Подигнување на средства од АТМ без провизија

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично