ПОВЕЌЕ

    КОЈА ФИРМА ДОБИЛА ДРЖАВНА ПОМОШ И ПОД КОИ УСЛОВИ?

    Време зa читање: 2 минути

    Стефан Ристовски од Институтот за европски политики(ЕПИ) во „Каде се парите? со Горан Теменугов“

    Притиснете „Subscribe“ и следете нè.

    Ако државата со буџетски пари му помогне на вашиот конкурент, како ќе проверите дали и вашата фирма можела да ја добие истата помош? За тоа е важно да се знае кој добил средства, по кои правила биле доделени и под кои услови можеле да ги побараат и другите фирми. Во подкастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Стефан Ристовски од ЕПИ објаснува зошто Европската комисија го отвора прашањето за регистар на државната помош. Кога државата фаворизира една компанија, со парите на даночните обврзници може да ѝ даде предност на пазарот. Затоа регистарот има значење и за фирмата што сака да конкурира и за јавноста што сака да провери дали за сите важеле исти правила.

    „И чинам дека една од забелешките таму беше за воспоставување на регистарот и поголемата транспарентност на средствата, заради тоа што ќе се знае како се дава државна помош, дали е во согласност со правилата на Унијата, а и сите коишто би сакале да ја користат државната помош и имаат можност да ја користат, би знаеле и би имале еднаков пристап до тие средства.“

    19,505Следи нè на facebookЛајк

    слично