ПОВЕЌЕ

    Нови картички и повеќе бенефиции за клиентите – Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството

    Време зa читање: 3 минути

    Нови картички, дополнителни бенефиции и унапредено дигитално искуство за физичките и деловните клиенти ќе донесе проширеното стратешко партнерство меѓу Стопанска банка и Мастеркард. Банката најави постепен премин кон картички од брендот Мастеркард, како дел од плановите за развој на платежните услуги и модернизација на понудата. Проекцијата на Мастеркард е до 2030 година пластиката сосема да исчезне, а плаќањата да се извршуваат преку дигиталните паричници на мобилните телефони и други паметни уреди и да бидат сосема невидливи.

    Во рамките на партнерството, за почеток, се воведуваат три нови производи: Мастеркард Платинум – и дебитна и кредитна картичка за физички лица, како и Мастеркард Бизнис дебитна картичка за правни лица.

    „Мастеркард Платинум кредитната картичка нуди бројни поволности за клиентите, благодарение на ова партнерство. Обезбедуваме пристап до 1.800 аеродромски салони, при што нашите клиенти добиваат шест бесплатни влеза годишно. Дополнително, картичката вклучува бесплатно патничко осигурување, висок кредитен лимит до 600 илјади денари, најнизок минимален месечен износ за отплата од само 3 проценти, како и можност за плаќање на рати без камата на повеќе од илјада продажни места. Картичката може да се дигитализира и да се користи преку Епл Пеј и Гугл Пеј“, изјави директорот на Секторот за картично работење и директно банкарство во Стопанска банка, Стефан Пепоски.

    Соработката, започната во 2009 година, со новиот договор се продлабочува преку воведување нови картични производи и натамошно унапредување на инфраструктурата за плаќања.

    „Развивме сеопфатна и холистичка понуда на картички, а ќе продолжиме да ја прошируваме во тесна соработка со искусните тимови на Мастеркард и нивното вредно знаење, со цел да ги задоволиме очекувањата дури и на нашите најпребирливи клиенти“, изјави извршната директорка и претседателка на Управниот одбор на Стопанска банка, Хрисупа Кутуди.

    Новото партнерство ќе придонесе за поедноставно и помодерно корисничко искуство, оценуваат од Мастеркард.

    „Новите картички Мастеркард ќе им овозможат на поединците и на бизнисите пристап до модерни и безбедни производи што одговараат на начинот на кој плаќаат денес. Ова партнерство ги поддржува дигиталните услуги на банката и помага да се создаде поедноставно секојдневно искуство за нејзините клиенти“, изјави претседателот на одделот за Југоисточна Европа во Мастеркард, Бартож Циолковски.

    Како дел од договорот, Стопанска банка во текот на годината постепено ќе ги воведува новите Мастеркард картички. Клиентите ќе можат непречено да ги користат постојните картички сè до активирањето на новите, а процесот на замена ќе биде бесплатен. Во тој период клиентите ќе бидат информирани за тековите, со најмалку еден месец претходно известување. Притоа, ќе се задржат постојните броеви на сметките и основните договорни услови, додека новите картички ќе имаат подолг рок на важност и дополнителни придобивки.

    Од Стопанска банка најавуваат дека ова е само првиот чекор од пошироката соработка со Мастеркард и дека во следните години ќе следуваат нови производи и дигитални услуги наменети за граѓаните и компаниите.

     

     

     

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично