ПОВЕЌЕ

    ЕКСКЛУЗИВНО НА „ПАРИ“: Кои 100 фирми прават најголеми профити?

    Време зa читање: 3 минути

    Вкупната добивка на 100-те најпрофитабилни компании во 2025 година изнесувала 881,1 милион евра, а во 2024 година, истите тие фирми имале заедничка добивка од 761,6 милиони евра. Профитот се зголемил за околу 119,5 милиони евра, покажува анализата на порталот Пари во соработка со Бизнис мрежа.

    Добивките на 100-те најпрофитабилни компании се движат од 3 милиони евра, што ги остварило Друштвото за коцкање и обложување МА ГАМИНГ ДООЕЛ Скопје, до 73,15 милиони евра на Џонсон мети.

    Најголем дел од 100-те најпрофитабилни компании успеале да направат поголеми добивки во 2025-та во однос на 2024 година. Раст на добивката имаат 77 фирми, а пад 23, но сепак профитите останале значајно високи.

    Еден поглед на табелата и јасно се издвојуваат првите 13 компании. Сите тие имаат добивка од над една милијарда денари, или над 16 милиони евра. Нивната заедничка добивка е 366,3 милиони евра, или речиси половина од вкупната добивка на 100-те најпрофитабилни компании во државава. Овој податок укажува на силна концентрација на големи профити кај помала група на компании.

    Најголемата добивка и натаму доаѓа од автомобилската индустрија, металургијата, производството на цемент, енергетиката, телекомуникациите, фармацијата, но и од производството на пиво. Интересно е што дел од компаниите со најголеми приходи не успеваат да влезат во врвот по добивка, што покажува дека големиот промет не значи секогаш и висока заработка.

    ТАБЕЛА 100 НАЈГОЛЕМИ ПО ДОБИВКА

    Следно од серијалот: Што е специфично за првите 10 компании по добивка?

    Следно од серијалот: Што е специфично за првите 10 компании по добивка?

    Редакција Пари

    Лектор: Христина Ангелеска-Мијоска

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично