ПОВЕЌЕ

    Инвестициските фондови во април со позитива од речиси 20 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Отворените инвестициски фондови го заокружиле април со нето-вредност од 33,23 милијарди денари, односно 540,36 милиони евра. Тоа претставува месечен раст од 6,50 насто во споредба со крајот на март, кога нето-вредноста изнесувала 505,8 милиони евра.

    За разлика од мартовските негативни движења, во текот на април е забележано значително зголемување на приливите на средства од 17,7 отсто. Или, приливите пораснале од 32,73 милиони евра во март на 38,47 милиони евра во април.

    Истовремено, според месечниот извештај на Комисијата за хартии од вредност, кај одливите е евидентиран пад од 35,59 отсто. При што во април биле повлечени 18,61 милион евра, наспроти 28,81 милион евра еден месец претходно.

    Како резултат на ваквите движења, инвестициските фондови во април оствариле позитивна нето-разлика од 19,85 милиони евра. Тоа е подобрување за речиси 16 милиони евра во однос на март, кога позитивната разлика изнесувала 3,9 милиони евра.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично