Граѓаните да бидат внимателни – лажни профили се претставуваат како Македонска берза и нудат сомнителни инвестиции, проследени со барања за лични податоци. Од Берзата предупредуваат и воедно укажуваат на знаците според кои може да се утврди дека профилот е лажен:
„Во последните неколку денови се појавија повеќе профили, главно на Facebook, кои лажно се претставуваат како Македонска берза.
Овие профили може да Ве контактираат директно преку порака, со понуда за купување на хартии од вредност или да Ви побараат да оставите Ваши лични информации.
Овие профили не се и не ја претставуваат Македонска берза! Оваа Facebook страница е единствената официјална Facebook страница на Македонска берза.
Покрај тоа, Македонска берза никогаш нема директно да Ве контактира преку порака со било каква понуда или барање.
За жал, од наша страна може само да ги пријавиме овие профили и да почекаме да бидат отстранети од страна на Facebook. Затоа Ве молиме, внимавајте!
Некои знаци кои можат да Ви помогнат да ги идентификувате овие лажни Facebook профили се:
– Ве додаваат за friend или Вие можете да ги додадете за friend. Македонска берза има Facebook страна, на која можете да кликнете Like или Follow, не можете да ја додадете за friend!
– Профилот е новокреиран, без никакви (или само малку) постови, објавени во последните неколку дена.
– Името на профилот е на англиски јазик и Ве контактираат преку порака на англиски јазик.
И Ве замолуваме, доколку забележите некој профил на Македонска берза, покрај оваа страница, пријавете ги и Вие, така шансите да бидат отстранети се поголеми“.
Аналитика








