ПОВЕЌЕ

    ЛИСТИТЕ ЗА ЧЕКАЊЕ СЕ ОСНОВА ЗА КОРУПЦИЈАТА ВО ЗДРАВСТВОТО – Азир Алиу во поткастот „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Корупцијата во здравството е системски проблем кој директно влијае врз квалитетот на услугите за пациентите. Министерот за здравство Азир Алиу во поткастот „Каде се парите?“ вели дека една од клучните алатки за справување со корупцијата ќе биде средување и ажурирање на листите за чекање. Според него, токму нетранспарентните листи отвораат простор за злоупотреби и нееднаква достапност до здравствени услуги. Алиу посочува дека борбата против корупцијата ќе се води преку системски пристап и податоци од институциите, пациентите и самите здравствени работници.

    „И секоја појдовна точка кај нас е податок, добиен или од системот, од инфраструктурата која што ја имаме, или од граѓани, од пациенти, или од вработени доктори. Бидејќи има и доктори кои се жалат од пациенти. Затоа направивме исто така од почеток откако јас сум министер за здравство, го отворивме кабинетот и секој петок од 10 до 15 часот граѓаните можат он лајн да букираат термин кој што има состанок со кабинетот. И да, на тие состаноци темите тие ги дефинираат. Тоа може да биде злоупотреба во здравствениот систем од професионална гледна точка, од човечка гледна точка, од корупција, од инфраструктура, од различен тип на поплаки, кои што граѓаните ја имаат секој петок можноста..“

    Следете нè и притиснете „subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично