ПОВЕЌЕ

    Андријана Поповска, ВФП: Инвестициските фондови нудат неограничени можности за ефикасно и атрактивно оплодување на капиталот!

    Време зa читање: 3 минути

    Инвестициските фондови се добра можност за секој кој сака да инвестира и постепено да гради заштеда. Вложувањето во фондови не е само за богатите и финансиските екперти, туку за секого, кој сака да ја обезбеди својата иднина. Се препорачува редовно инвестирање, почнувајќи со мал износ и вложување на долг рок, и тоа не само во акции, туку и во обврзници и други хартии од вредност. ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје за своите клиенти креира рамнотежно инвестициско портфолио, согласно целите на фондот, бараното ниво на сигурност и цели кон максимален профит за инвеститорите согласно стратегијата на фондот и потребите на инвеститорот. За поголема сигурност се обезбедува и географска диверзификација на портфолиото (вложување во компании од различни континенти, САД, Европа но и во Азија) намалувајќи ги на тој начин валутните ризици, но и ризиците од економски потреси кои може да се случат на еден пазар, истакнува Андријана Поповска, Извршен директор и портфолио менаџер во ВФП Фонд Менаџмент, Друштво кое надмина 240 милиони евра управувани средства.

    При избор на компании за акциските портфолија применуваме пристап базиран на фундаментална анализа и долгорочни трендови. Нашата селекција не е насочена само кон краткорочни приноси, туку кон градење на стабилно и отпорно портфолио, составено од компании што покажале способност да опстанат и да се развиваат дури и во услови на големи економски кризи, додава таа.

    ВФП Фонд Менаџмент инвестира во хартии од вредност од компании кои имаат раст на приходи и добивки за изминатите години, кои имаат силна конкурентска позиција и континуирано вложуваат во истражување и развој, а не се многу задолжени. Предност се дава и на вложувања во компании кои инвестираат во дигитализација и иновации во здравствениот сектор. Тоа се прави со цел заштита на вредноста на средствата на инвеститорите и помала зависност од движењата на акциите на една или само неколку компании, што во услови на криза носи стабилност.

    Ние во ВФП Фонд Менаџмент не купуваме само акции, туку купуваме успешни бизниси! А секоја одлука се базира на детални анализи, на јасно дефинирани филтри, со континуирано следење на ризиците и позицијата на компанијата во нејзината индустрија. Целта ни е секогаш да одржуваме балансиран однос помеѓу приносот и ризикот, со транспарентен и дисциплиниран пристап, истакнува Поповска.

    Ризик постои во секоја инвестиција, па и во инвестирањето во хартии од вредност. Но најголемиот и фактички вистинскиот ризик е во тоа капиталот да стои неинвестиран, изложен на инфлација и обезвреднување. ВФП отворените инвестициски фондови ги карактеризира високо ниво на транспарентност, ликвидност и отчетност, како и силна институционална регулација.

    Инвестирањето не е резервирано само за луѓе со голем капитал, ниту пак процесот е сложен. Со мал износ може да се започне со инвестирање. Постапката е едноставна: по запознавање со карактеристиките на фондот, се пополнува соодветна документација, а уплатите се вршат на трансакциска сметка на самиот фонд која е одвоена од средствата на Друштвото и банката чувар, што овозможува максимална заштита на инвеститорите.

    Во последните 10 години ВФП Фонд Менаџмент има остварено добивка од над 40 милиони евра, што претставува додадена вредност на заштедите на инвеститорите.

    Податоците се заклучно со 31.12.2025 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично