ПОВЕЌЕ

    Еден клик – проблематична испорака: незадоволен секој трет македонски онлајн купувач

    Време зa читање: 2 минути

    Чекање пратки подолго од предвиденото, бавни или тешки за користење веб-страници и производи што не изгледаат како на фотографијата – ова се дел од најчестите проблеми со кои се соочуваат купувачите при онлајн нарачките. Искуството покажува дека дигиталното купување не секогаш е брзо и безгрижно, како што ветуваат интернет-продавниците.

    Податоците од студијата на Евростат за употребата на информатичко-комуникациските технологии во 2025 година покажуваат дека 29,41 проценти од македонските купувачи се соочиле со проблеми при онлајн купување. На ниво на Европската унија, уделот е уште поголем – 35,4 проценти од потрошувачите пријавиле тешкотии при нарачување преку интернет-страници или мобилни апликации.

    Најчестата причина за незадоволство е доцнењето на пратките. Речиси една петтина од купувачите (19,9%) се пожалиле дека испораката траела подолго од ветеното. За многумина токму брзината е главната предност на онлајн купувањето, па секое одложување ја нарушува довербата во продавницата.

    Втората најчеста пречка се комплицираните или бавни веб-страници, проблем што го навеле 11,5 проценти од испитаниците. На третото место е испораката на погрешни или оштетени производи, искуство што го имале 10,4 проценти од онлајн купувачите.

    Меѓу земјите на Европската унија најмногу поплаки од дигиталното купување се регистрирани во Малта (64%), Холандија (57,9%) и Луксембург (51,4%). Најмал број проблеми пријавиле купувачите во Португалија (4,5%), Грција (10,6%) и Летонија (13,3%).

    (Фото: Freepik)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично