ПОВЕЌЕ

    ССМ не прифаќа усогласување од 1.600 денари – премиерот вели минималната плата се зголемува

    Време зa читање: 3 минути

    Синдикатите не го прифаќаат износост од 1.600 денари, со кој по мартовското усогласување ќе се зголеми минималната плата и најавуваат протести кон средината на месецов. ССМ ја напушти седницата на Економско-социјалниот совет. Наспроти нив, премиерот Христијан Мицкоски тврди: „Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април“.

    „Денеска, на мала врата пробаа да утврдат усогласување на минималната плата за околу 1.600 денари во што ССМ нема мандат да учествува и ја напушти седницата на ЕСС.

    Жалосно е тоа што Владата, работодавачите и другите синдикати се на истиот став, а тоа е минималната плата само законски да се усогласи и да не се зголеми

    За жал, борбата продолжува повторно на улуца на средина на март“, објави на социјалните мреежи претседателот на ССМ, Слободан рендафилов.

    Според соопштението од владината прес-служба, премиерот во рамките на ЕСС нагласил дека Владата ги реализира преземените обврски:

    „Се однесуваме одговорно. Одговорно во рамките на мандатот кој што сме го добиле од граѓаните, не преземаме обврски како тоа што било случај во минатото, за периодот после 2028 година, односно после мандатот на оваа Влада. Едноставно сакаме да сме одговорна влада. За жал, влада која што ќе мора да ги реши сите оние напластени проблеми кои што се наследени од минатото, поради нестручното, несовесното и лошото менаџирање, прво со владините ресурси, а потоа и со креирање на политиките на државно ниво“.

    Мицкоски додаде дека изминатиот период е постигнат договор со синдикатите УПОЗ и САДУ за повисоки плати на административците, посочувајќи дека во тој договор влегле и други синдикални организации кои што не биле дел од првичните преговори.

    „Што се однесува до останатите параметри, нашиот став е јасен за јавноста и тука немаме никаква дилема. Последното кое што требаше да го затвориме како би рекол условно кажано отворено прашање, тоа беше договорот кој го потпишавме со синдикатите УПОЗ и САДУ и тоа го завршивме. Таму беа додадени и други синдикати кои што првично не беа дел од преговорите, но сакавме да имаме што е можно поголем опфат, и со тоа ние го затворивме и тоа отворено прашање, кое што некако лебдеше и на дел од седниците на Економско-социјалниот совет“, рече Мицкоски.

    Информацијата за висината на минималната плата за 2026 година утре треба да помине и на владината седница:

    „Денеска на дневен ред е информација за висината на минималната плата, која ќе биде во 2026 година согласно закон. Очекувам дека на следната владина седница да го поминеме и како Влада и потоа нормално согласно висината на минималната плата од април за март да почне да се исплатува“, истакна Мицкоски и додаде дека очекува бипартитниот дијалог меѓу работодавците и работниците да продолжи да се интензивира.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично