ПОВЕЌЕ

    Една виза да важи за цел Шенген – тоа е прифатлив модалитет – Билјана Муратовска во „Каде се парите?“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Превозниците бараат решение што нема да ги врати на „стариот систем“ од пред визната либерализација, кога за да стигнат до една дестинација морале да вадат повеќе визи. Билјана Муратовска, генерален секретар на „Макам – транс“ во поткастот „Каде се парите?“, вели дека материјата е поширока, но оти ако се најде модалитет „виза за професионални возачи“, тоа може да ја деблокира состојбата. Клучниот услов за нив е визата да ја издава една земја членка, но да важи за целата Шенген зона, за возачите да не се принудени да „шетаат“ по повеќе амбасади и различни режими.

    „Меѓутоа, ако се пронајде нешто како виза за професионални возачи, со која што би се добивала од една држава, тогаш би имало успех. Затоа што ако извадиме од Германија да важи за целата Шенген зона, тука сме го решиле проблемот. Бидејќи сега ние вадиме визи, од Швајцарија вадиме визи за Англија. Меѓутоа не ни важат за Шенген просторот.“

    Следете нè и притиснете „subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично