ПОВЕЌЕ

    „Усвоен Годишниот план за Праведна транзиција 2026: фокус на работниците, отворање нови можности за вработување, преквалификација и чиста енергија“

    Време зa читање: 2 минути

    Владата на Република Северна Македонија, го усвои Годишниот план за имплементација на Праведната транзиција за 2026 година, со што се продолжува со системско спроведување на процесот на праведна енергетска и економска трансформација во земјата.

    Со усвојувањето на овој План, Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја потврдуваат својата посветеност кон обезбедување праведна транзиција која ќе ги земе предвид социо-економските последици врз заедниците и работниците во регионите засегнати од транзицијата, со посебен фокус на отворање нови можности за вработување, преквалификација на работната сила и поттикнување одржлив локален економски развој.

    Со предвидените механизми се обезбедува координиран пристап помеѓу надлежните институции и јавните претпријатија.

    Годишниот план за 2026 година е изработен во согласност со националните стратешки документи и Реформската агенда, како и со обврските преземени во рамки на процесот на забрзана транзиција од јаглен кон одржливи и нискојаглеродни извори на енергија. Планот претставува оперативен документ кој ги дефинира конкретните активности, временската рамка, надлежните институции и потребните ресурси за негова реализација.

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е задолжено да го објави Годишниот план на својата веб-страница и да ја координира неговата имплементација, додека ресорните министерства и релевантните институции ќе ги приоритизираат активностите во рамки на своите годишни програми, со редовно известување за напредокот во имплементацијата.

    Годишниот план за имплементација на праведната транзиција за 2026 година претставува значаен чекор во насока на поефикасно и координирано спроведување на планираните реформи, зајакнување на институционалната рамка и унапредување на соработката со меѓународните партнери и финансиските институции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично