
Групација Триглав повторно ја потврдува подобрената прогноза за годишниот деловен резултат за 2025-та година
- Вкупниот деловен обем на Групација Триглав порасна за 36% во однос на првите девет месеци од минатата година, достигнувајќи769,8 милиони евра. Овој раст, главно произлегува од зголемувањето на премиите на меѓународните пазари на осигурување и реосигурување.
- Деловниот резултат пред оданочување се зголеми за 15%, на 143,1 милион евра, додека нето деловниот резултат порасна за 11%, на 118,9 милиони евра.
- Комбинираниот количник во сегментите Имот и Здравје достигна поволна вредност од 91,3% (минатата година 92,5%). Профитабилноста од нови склучени договори во сегментот Живот, изнесуваше солидни 13,2% (минатата година 13,7%).
- По првото полугодие, Триглав ја зголеми прогнозата за деловниот резултат пред оданочување за целата 2025-та година, од првично планираните 130–150 милиони евра на опсег помеѓу 140 и 160 милиони евра. Имајќи ги предвид тековните и очекувани деловни околности до крајот на годината, се проценува дека на крајот на првите девет месеци, неговата вредност ќе биде блиску до горната граница на предвидениот опсег, односно околу 160 милиони евра.
- Во 2026-та година, Триглав планира да оствари деловен резултат пред оданочување во висина од 170 до 190 милиони евра. Според моменталните процени, вкупниот деловен обем ќе надмине 2,4 милијарди евра, додека комбинираниот количник во сегментите Имот и Здравје се очекува да изнесува околу 95%.
Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, изјави:
„Многу сме задоволни од деловното работење оваа година. Врз основа на тоа, по првото полугодие ја зголемивме прогнозата за годишниот деловен резултат пред оданочување за 2025-та година на опсег меѓу 140 и 160 милиони евра. На крајот на првите девет месеци, проценуваме дека резултатот ќе биде на горната граница од овој опсег, односно околу 160 милиони евра.
Поставивме амбициозни стратешки цели за 2030-та година, кои што во споредба со основните вредности, предвидуваат двојно зголемување на деловниот резултат, раст на деловниот обем и на средствата под управување, како и зајакнување на нашето меѓународно присуство. Активно работиме на остварување на овие амбиции. Во првите девет месеци од оваа година, значително го зголемивме деловниот обем на меѓународните пазари на реосигурување и осигурување, ја подобривме профитабилноста на сите регионални пазари и остваривме многу добар деловен резултат. Со растот на премиите, пораснаа и штетите, што успешно го компензиравме преку реосигурување. Немавме поголеми природни масовни штети. Во инвестицискиот сегмент работевме во услови на нестабилни финансиски пазари, но тие немаа значајно влијание врз постигнатиот инвестициски резултат. Во работењето, се грижевме да останеме цврсто капитализирани и финансиски стабилни, што го потврдуваат и овогодинешните кредитни рејтинзи „A+“ од агенцијата S&P Global и „A“ од агенцијата AM Best. За 2026-та година, планираме зголемување на добивката пред оданочување на ниво помеѓу 170 и 190 милиони евра, со доследно остварување на нашите останати стратешки цели. Со тим од повеќе од 5.000 посветени вработени, ќе продолжиме да работиме на успешно реализирање на нашите амбиции.“
КЛУЧНИ ФИНАНСИСКИ ИНДИКАТОРИ ОД РАБОТЕЊЕТО ВО ПРВИТЕ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ОД 2025-ТА ГОДИНА

Вкупниот деловен обем на Групација Триглав достигна 1.769,8 милиони евра, а најголем придонес кон растот од 36% имаше сегментот Имот, особено работењето на меѓународните пазари. Бруто полисираната премија за осигурување, соосигурување и реосигурување, се зголеми за 38%, на 1.703,6 милиони евра (од кои 308,4 милиони евра се генерирани како нова премија на италијанскиот пазар на автомобилско осигурување). Доколку се исклучат новите премии, обезбедени на италијанскиот пазар, овогодинешниот раст на премијата би изнесувал 13%.
На словенечкиот пазар, премиите пораснаа за 4% (736,4 милиони евра премија), а на останатите пазари во регионот Адриа за 7% (276,6 милиони евра премија). Висок раст на премијата од 156%, беше постигнат на меѓународните пазари на осигурување и реосигурување (690,6 милиони евра премија). Се зголеми премијата и во реосигурувањето (за 50%, на 278,6 милиони евра), како и во доменот на меѓународните осигурителни работења (за 388%, на 411,9 милиони евра премија). За тоа, пред сѐ, придонесе присуството на италијанскиот пазар, каде Триглав започна да работи во втората половина на јули оваа година, обезбедувајќи премија од 308,4 милиони евра. Уделот на премијата од словенечкиот пазар во вкупната премија, се намали за 14 процентни поени на 43%. Премијата од останатите пазари во регионот Адриа изнесуваше 16% (минатата година 21%), додека премијата од меѓународните пазари изнесуваше 41% (минатата година 22%).
Деловниот резултат пред оданочување на Групација Триглав, во висина од 143,1 милион евра, беше за 15% поголем во однос на минатата година, додека нето-резултатот се зголеми за 11%, на 118,9 милиони евра. Во првите девет месеци од оваа година, Триглав оствари профитабилно работење во сите сегменти, освен во сегментот Здравје. Најголемиот дел од деловниот резултат пред оданочување, 102,9 милиони евра, беше остварен во осигурителниот дел од работењето (раст од 30%), за што најмногу придонесе сегментот Имот. Деловниот резултат пред оданочување во доменот инвестиции изнесуваше 33,2 милиони евра (минатата година 37,5 милиони евра), а резултатот од неосигурителното работење изнесуваше 7,0 милиони евра (минатата година 8,0 милиони евра). Матичното друштво на Групација Триглав, Заваровалница Триглав, оствари деловен резултат пред оданочување од 102,3 милиони евра (раст од 14%) и нето деловен резултат од 85,1 милион евра (раст од 9%).
Останатата сеопфатна добивка, во износ од 10,5 милиони евра (во споредба со 3,2 милиони евра минатата година), се зголеми, бидејќи промените на каматните стапки имаа помало влијание врз вреднувањето на инвестициите, а рочноста на инвестициите и обврските беше соодветно усогласена. Капитализацијата на Групација Триглав во првите девет месеци се движеше во поставениот целен опсег, помеѓу 200 и 250%.
Комбинираниот количник во сегментите Имот и Здравје достигна поволни 91,3%, што е за 1,3 процентни поени подобро, отколку во првите девет месеци од минатата година. Профитабилноста на осигурителното работење е подобрена на сите пазари на Триглав. Во првите девет месеци од оваа година, резултатите од штетните побарувања беа поволни, а зголемувањето на штетниот количник за 0,2 процентни поени, на 64,0%, главно е последица на позитивните ефекти од укинувањето на дополнителното здравствено осигурување врз резултатот во 2024-та година. Расходниот количник, во висина од 27,2% (28,7% минатата година), се намали на поволен начин, бидејќи растот на приходите беше поголем од растот на трошоците.
Вкупните средства под управување на Групација Триглав по состав останаа на споредливo ниво со состојбата од крајот на минатата година. Нивниот обем се зголеми за 6%, на 6,3 милијарди евра. Во нестабилни услови на финансиските пазари, Групација Триглав оствари профитабилност од 2,7% од финансиските инвестиции (3,1% минатата година), исклучувајќи ги инвестициите, во кои што осигурениците го преземаат инвестицискиот ризик. Овогодинешната профитабилност е во голема мера споредлива со таа од минатата година, исклучувајќи го влијанието на девизните разлики врз инвестициите, кои што се неутрализираат преку промените во резервите за осигурување, како и влијанието од растот на работењето на италијанскиот пазар врз вредноста на финансиските инвестиции.
РАБОТЕЊЕТО НА ГРУПАЦИЈА ТРИГЛАВ ПО СЕГМЕНТИ
Членот на Управата на Заваровалница Триглав, Урош Иванц, изјави:
„Во сегментот Имот, значително го зголемивме обемот на осигурителното портфолио, ја подобривме профитабилноста и го зголемивме деловниот резултат од осигурителниот дел на работењето за 78%. Резултатот од инвестицискиот дел, во овој сегмент остана на нивото од минатата година. Во сегментот Живот, ја задржавме соодветната профитабилност на новосклучените договори, го зголемивме деловниот обем и остваривме добар деловен резултат. Во сегментот Здравје, каде минатата година го реструктуриравме деловниот модел, оваа година бележи негативен резултат, што беше очекувано. Исклучувајќи ги таканаречените прекинати операции, овогодинешниот резултат е на исто ниво како и минатата година. Очекуваме резултатите во овој сегмент и понатаму да останат променливи, сѐ додека не се постигне посакуваниот деловен обем во здравствените осигурувања. Во сегментот Управување со средства, успешно ги зголемивме приходите од провизии и го зајакнавме деловниот обем. Резултатот на сопствените инвестиции во овој сегмент се намали во однос на претходната година, што претставува очекувана последица на условите на финансиските пазари.“
Сегмент Имот
- Вкупниот деловен обем беше зголемен за 45%, на444,0 милиони евра.
- Комбинираниот количник изнесуваше поволни 90,5%.
- Деветмесечниот деловен резултат се зголеми за 53%, на 115,1 милиони евра.

Вкупниот деловен обем се зголеми за 45%, на 1.444,0 милиони евра. Премиите имаа слична стапка на раст, а нивното зголемување беше остварено во поголемиот дел од осигурителните групи на имотни осигурувања. Од пазарен аспект, на меѓународниот пазар беше остварен висок раст на премијата од 156% (раст на премијата во реосигурување од 134% и раст на премијата во осигурување од 388%). Најголем деловен обем беше остварен на италијанскиот, полскиот и грчкиот пазар. Раст на премијата беше забележан и во Словенија и на повеќето други пазари во регионот Адриа, како резултат на зголемената продажба.
Настанатите штети во имотното осигурување се зголемија за 33%, на 593,3 милиони евра. Минатата година, резервите за штети направени во 2023-та година поради поплавите беа намалени, додека годинава настанатите штети се зголемија, како резултат на растот на обемот на портфолиото.
Комбинираниот количник во сегментот Имот, изнесуваше поволни 90,5%. Во споредба со минатата година, тој е намален за 3,2 процентни поени, а намалени се и расходниот количник и штетниот количник. Поволните вредности се резултат на поголемиот раст на приходите во однос на расходите и на подобрените нето-штетни случувања.
Деловниот резултат пред оданочување се зголеми за 53%, на 115,1 милиони евра. Резултатот од инвестицискиот дел од работењето остана на нивото од минатата година, додека резултатот од работењето во осигурување, значително порасна. На тоа најмногу влијаеја зголемениот деловен обем и подобрената профитабилност на осигурителното работење.
Сегмент Живот
- Вкупниот деловен обем беше зголемен за 7%, на 194,9 милиони евра.
- Профитабилноста од нови склучени договори достигна поволни 13,2% (минатата година 13,7%). Маржата за договорна услуга, во обем од 278,4 милиони евра, беше за 2% поголема во однос на крајот на 2024-та година.
- Деветмесечниот деловен резултат пред оданочување изнесуваше 19,4 милиони евра (минатата година 21,9 милиони евра).

Вкупниот деловен обем, во висина од 194,9 милиони евра, се зголеми за 7%, исто колку што порасна и премијата во животните осигурувања. Премијата се зголеми на сите пазари на групацијата. Нејзиниот раст беше висок, поради дополнителните уплати во инвестициски животни осигурувања.
Профитабилноста од новите склучени договори достигна солидни 13,2% (минатата година 13,7%).
Маржата за договорни услуги, во висина од 278,4 милиони евра, порасна за 2% во однос на крајот на минатата година, при што уделот на новокреираната маржа за договорни услуги изнесуваше 10,2% (минатата година 11,2%). Новокреираната маржа за договорни услуги, достигна 28,3 милиони евра, од кои 41% се однесуваат на инвестициските животни осигурувања. Ослободувањето на маржата за договорни услуги во деловниот резултат изнесуваше 29,0 милиони евра, во споредба со 27,3 милиони евра во истиот период минатата година.
Деловниот резултат пред оданочување во сегментот Живот достигна 19,4 милиони евра, додека минатата година изнесуваше 21,9 милиони евра. Споредбата меѓу резултатите од двете години треба да го земе во предвид овогодинешното унапредување на методологијата за ануитетско осигурување, кое, меѓу другото, ја подобрува проекцијата на парични текови за овие осигурувања на попретпазлив начин.
Сегмент Здравје
- Вкупниот деловен обем изнесуваше 43,1 милион евра, што е за 5% помалку од минатата година (поради ефектот од примањето на државната надомест согласно Уредбата за ДПЗО минатата година).
- Комбинираниот количник изнесуваше 110,9% (минатата година 69,4%).
- Деветмесечниот деловен резултат пред оданочување изнесуваше негативни -3,2 милиони евра (минатата година 14,3 милиони евра).

По минатогодишното реструктурирање на деловниот модел во овој сегмент, Групација Триглав и оваа година продолжува со активности насочени кон раст и развој на дополнителните здравствени осигурувања во Словенија и на другите регионални пазари. Триглав очекува дека во периодот што следи, резултатите на сегментот Здравје ќе останат нестабилни, затоа што сегментот се наоѓа во фаза на високи стапки на раст и релативно мал деловен обем.
Вкупниот деловен обем на сегментот оваа година изнесуваше 43,1 милион евра (5% помалку од минатата година, поради ефектот од укинувањето на дополнителното здравствено осигурување). Пресметаната премија за осигурување, во износ од 39,6 милиони евра, се зголеми за 17%. Раст на премијата беше остварен на поголемиот дел од регионалните пазари.
Комбинираниот количник во сегментот Здравје изнесуваше 110,9% (минатата година 69,4%). Ако се исклучи влијанието на дополнителните здравствени осигурувања врз неговата вредност минатата година, комбинираниот количник минатата година би бил ист како и овогодинешниот, односно 110,9%.
Деловниот резултат пред оданочување изнесуваше -3,2 милиони евра, во споредба со 14,3 милиони евра во истиот период минатата година (од кои 16,1 милион евра се однесуваат на т.н. прекинато работење, поради укинувањето на дополнителните здравствени осигурувања). Оваа година, работењето на сегментот беше негативно во осигурителниот дел (исто така и поради раст на настанатите штети и зголемување на резервите за штети, што е последица на поголемиот обем на портфолиото). Во инвестицискиот дел и во неосигурителното работење, беше остварен позитивен резултат.
Сегмент Управување со средства
- Вкупниот деловен обем се зголеми за 7%, на 87,8 милиони евра.
- Приходите од управување со средства (приходи од провизии) се зголемија за 10%, на 38,9 милиони евра.
- Деветмесечниот деловен резултат пред оданочување, изнесуваше 11,8 милиони евра. Неговото намалување за 10% во однос на претходната година е последица на пониските приходи од инвестиции.

Вкупниот деловен обем се зголеми за 7%, на 87,8 милиони евра.
Деловниот резултат пред оданочување изнесуваше 11,8 милиони евра (10% помалку од минатата година). На тоа влијаеја 10% повисоките приходи од управување со средствата (приходи од провизии), кои изнесуваа 38,9 милиони евра. Резултатот од инвестицискиот дел, во висина од 2,1 милиони евра, беше за 38% понизок во споредба со истиот период минатата година, како последица на намалувањето на вредноста на сопствените вложувања во акции во овој сегмент.
Вкупните средства под управување на Групација Триглав изнесуваа 6,3 милијарди евра на крајот на септември 2025-та година, што претставува зголемување од 6% во однос на крајот на 2024-та година.

На обемот на средствата под управување на Триглав, во заедничките фондови и индивидуалното управување, поволно влијаеја и состојбите на финансиските пазари и зголемените нето-приливи од клиентите.

КОМЕНТАР ЗА 2025-ТА ГОДИНА, ПЛАН ЗА 2026-ТА ГОДИНА И СТРАТЕГИЈА ДО 2030-ТА ГОДИНА
(финансиски клучни индикатори)
- Групација Триглав во 2025-та година, првично предвидуваше деловен резултат пред оданочување во висина од 130 до 150 милиони евра. На крајот на првото полугодие од 2025-та година, ја зголеми прогнозата на 140 до 160 милиони евра. На крајот од првите девет месеци, се проценува дека неговата вредност ќе биде на горната граница од предвидениот опсег, односно околу 160 милиони евра.
Имајќи ги предвид тековните и очекуваните деловни околности во 2026-та година, Триглав планира негово понатамошно зголемување, на износ помеѓу 170 и 190 милиони евра.
Во својата стратегија, за периодот од 2025-та година до 2030-та година, Триглав постави амбиција да го удвои деловниот резултат пред оданочување, на ниво од 250 до 300 милиони евра до 2030-та година.
- Вкупниот деловен обем за 2025-та година, беше планиран на повеќе од 1,8 милијарди евра. Триглав проценува дека ќе ја надмине планираната вредност за најмалку една третина.Во 2026-та година, се планира вкупен деловен обем поголем од 2,4 милијарди евра.
Амбицијата на Триглав е во 2030-та година, деловниот обем да изнесува меѓу 2,5 и 3,0 милијарди евра, а средствата под управување да ја надминат вредноста од 10 милијарди евра.
- Имајќи ги предвид тековните и очекуваните деловни околности, Триглав проценува дека комбинираниот количник во сегментите Имот и Здравје во 2026-та година, ќе изнесува околу 95%.
Амбицијата е неговата вредност во стратешкиот период од 2025-та до 2030-та година, да биде под 95%, а нето-приносот на капиталот (ROE) во 2030-та година да изнесува меѓу 12 и 13%.
Триглав тежнее да биде стабилна, сигурна и профитабилна инвестиција за инвеститорите. Амбицијата е во периодот до 2030-та година, во согласност со политиката на дивиденди, да им исплати на акционерите околу 400 милиони евра дивиденди, при тоа задржувајќи ја целната адекватност на капиталот и соодветните услови за раст и развој.
Групација Триглав, со своето знаење, искуство и финансиска стабилност, веќе 125 години ја оправдува довербата на клиентите и другите засегнати страни. Таа е најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа и една од водечките во југоисточна Европа, работи во шест земји и на седум пазари, а на меѓународно ниво е присутна преку партнерства со посреднички, застапнички и реосигурителни компании. Клучните столбови на нејзиното работење се осигурувањето и управувањето со средства. Групацијата има повеќе од 5.000 вработени. Нејзината мисија е градење на побезбедна иднина. Главните вредности на групацијата се агилност, едноставност и доверливост. Нејзината визија е насочена кон зајакнување на својот идентитет и видливост како меѓународна осигурителна и финансиска групација. Со одржлив деловен пристап, Триглав создава развојно ориентирана средина за своите вработени, гради силни партнерства и претставува стабилна, сигурна и профитабилна инвестиција за инвеститорите. Матичната компанија на Групација Триглав, Заваровалница Триглав, е издавач на примарниот пазар на Љубљанската берза.
Аналитика








