ПОВЕЌЕ

    Акции на „Тиквеш“ купени во блок со цена 128 насто над пазарната

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во 402 акции на Винарската визба „Тиквеш“ се вложени 96,8 илјади евра. На купувачот му обезбедуваат 0,15 отсто од акционерскиот капитал.

    Купопродажбата на хартиите од вредност е изведена по пат на блок-трансакција за која информираат од Македонска берза.

    Според наведените податоци, единечната цена за акција по која е реализирана трансакцијата е 14.805 денари. Вкупната вредност на блок-трансакцијата е 5.951.610 денари. Инаку, номиналната вредност на акцијата издадена од „Тиквеш“ е 51,13 евра.

    Акциите се стекнати по многу повисока цена од пазарната. Разликата е 128,5 насто.

    На последниот работен ден од неделата со овие акции се тргувало на официјалниот пазар. Се работи за 41 истргувана акција и како што е заведено во официјалната берзанска листа со датум од 14 ноември, по просечна цена од 6.480 денари. Проследена е со пад од 0,31 отсто. Прометот направен со нив изнесува 265.680 денари, односно над 4.300 евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично