
Локалните избори поминаа, а проблемите си останаа. Нефункционални и задолжени општини. Јавни општински комунални претпријатија кои се во долгови, а и се центри за партиски вработувања. Јавни набавки кои мирисаат и на корупција. Етничка, а не функционална територијална поделба.
Ќе се промени ли нешто?
Дали најавениот Ресурсен центар ќе помогне подобро да функционира Локалната самоуправа?
Многу дилеми, а одговорите ги дава министерот за локална самоуправа, Златко Перински.
Гледајте нѐ.
Аналитика








