ПОВЕЌЕ

    „Костал“ ќе инвестира уште 30 милиони евра и ќе отвори 200 нови работни места

    Време зa читање: 2 минути

    Идната година „Костал“ ќе инвестира дополнителни 30 милиони евра со што ќе се отворат нови 200 работни места, најави денес премиерот Христијан Мицкоски, кој се сретна со извршниот директор „Костал Аутомотив“, Каи Кникман и со директоот на „Костал Македонија“, Виктор Мизо.

    „Можам да го искажам своето задоволство, затоа што ‘Костал’ верува во Охрид, верува во Македонија, верува во својот бизнис тука и продолжува да го зголемува своето производно портфолио.

    Сепак, станува збор за компанија којашто генерално е семеен бизнис со голема традиција. Моментално, ако ја анализираме нивната состојба во 2024 година, доаѓаме до обрт од околу 3,5 милијарди евра што е значајна работа.

    Нивните цели овде во Македонија се импресивни, да обезбедиме нови 200 работни места, да дојдеме до обрт којшто би бил поголем од 300 милиони евра и ние како Влада апсолутно сме тука да помогнеме во реализирањето на овие цели, бидејќи тоа за нас како држава значи многу“, изјави Мицкоски.

    После девет успешни години, „Костал“ вегува во нова фаза, нагласи Кникман. Како што наведе, за годинава, а во однос на лани, се предвидуваат 60 насто зголемени приходи, а тоа е можност да продолжат со инвестиции во македонската фабрика.

    „Во 2026 година ќе почнеме со нов циклус на инвестиции што во моментов е планиран да биде околу 30 милиони евра. Тоа значи дека новите инвестиции ќе донесат нови производи, натамошно зголемување од 20 насто во текот на следната година и нови работни места“, истакна Кникман.

    Минатата година „Костал Македонија“ ја заврши со приходи од 149 милиони евра, добивка од 1,8 милиони евра, а во тој период биле работно ангажирани 1.092 лица.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично