
Hommex е првата македонска мобилна апликација за недвижности, создадена со цел
да го модернизира пазарот и да им овозможи на граѓаните едноставен, брз и
транспарентен пристап до домови и деловни простории низ цела Македонија.
Апликацијата обединува купувачи, продавачи, агенции и инвеститори на едно место,
со интуитивен дизајн и функции што нудат вистинско дигитално искуство – од преглед
на понуди и филтри според локација и цена, до можност за директен контакт со
агенции и физички лица.
Со Hommex, корисниците можат да пребаруваат илјадници недвижности низ
Македонија, споредуваат цени и карактеристики, користат калкулатори за станбени
кредити и осигурување, објавуваат сопствени огласи со само неколку кликиови и да
добиваат персонализирани препораки базирани на нивните преференции.
Апликацијата е достапна на iOS и Android и претставува локален одговор на
глобалните трендови во PropTech индустријата, со јасна визија – да ја направи
Македонија дигитално поврзана со иднината на недвижностите.
„Идејата за Hommex се роди од нашата потреба да создадеме локална, модерна и
транспарентна алтернатива за купување и изнајмување недвижности,“ – Тео
Војновиќ, ко-основач на Hommex.

„Заедно со Давид, Кристијан, Наум и Младен, како тим од млади претприемачи,
верувавме дека Македонија заслужува платформа што ќе ги спои технологијата,
практичноста и довербата. Нашата цел е Hommex да стане прв избор за сите кои
бараат дом, без разлика дали станува збор за купување, изнајмување или
инвестирање. Како релативно нова апликација, во изминатиот период Hommex успеа
да биде најпреземаната бизнис апликација во Македонија за што сме особено горди
и ни претставува уште поголема мотивација да креираме уште поиновативни алатки и
решенија.“
Hommex е дел од новата генерација македонски стартапи што го редефинираат
начинот на кој граѓаните ги користат дигиталните услуги, создавајќи мост помеѓу
традиционалниот пазар и иднината на технологијата во недвижностите.
За повеќе информации посетете: www.hommex.mk
Аналитика








