
Во динамично и строго регулирано финансиско опкружување, Иуте Македонија поставува јасен пример за тоа како ефективното корпоративно управување преку воспоставени функции на усогласеност со прописи и управување со ризици претставува основа за долгорочна стабилност и раст.
Компанијата работи во целосна усогласеност со локалните и меѓународните регулативи, применувајќи интерни политики и процедури кои го следат темпото на глобалните трендови во финансиските услуги. Овој пристап обезбедува не само исполнување на законските обврски, туку и поставување на цврст, транспарентен и одговорен деловен модел кој ја зголемува довербата на клиентите, вработените и партнерите.
Усогласеност со прописи – повеќе од законска обврска

„Во Иуте Македонија, усогласеноста е дел од нашата корпоративна култура. Секој нов производ, услуга или процес минува низ детална правна и регулаторна проверка, за да се гарантира дека сме во согласност со сите применливи прописи. Веруваме дека превенцијата и континуираното усовршување се клучни за намалување на ризиците и заштита на сите засегнати страни: клиентите, сопствениците и самата компанија. Во нашето секојдневно работење Иуте мора да се усогласува со законот за финансиски друштва, врз основа на кој нѝ е издадена дозволата за работа, но и со законите за заштита на лични податоци, спречување на перење пари, заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити и многу други. Затоа овој тим се грижи сите процеси да бидат усогласени со овие прописи, но и етички исправни. Усогласеноста гради доверба. Не се работи само за избегнување казни, туку за креирање на долгорочна стабилност и сигурност. “ вели Татјана Давчев, Директор за правни работи и усогласеност со прописи.
Компанијата исто така има воспоставен систем на редовни обуки за вработените, при што ниту еден нов вработен не може активно да започне со работа додека не помине воведни обуки со секоја организациона единица, како и механизми за пријавување и справување со потенцијални прекршувања, што овозможува брза реакција и целосна транспарентност.
Управување со ризици – стратегија за одржливост

„Ризиците постојат во секој бизнис, но клучот е како ги идентификуваме, проценуваме и контролираме. Кај нас, управувањето со ризици е интегрирано во сите деловни процеси – од кредитното одобрување, до оперативните активности и технолошките решенија. На тој начин, ние не само што ги минимизираме негативните влијанија, туку и создадовме флексибилен систем кој може брзо да се прилагоди на пазарните промени. Управувањето со ризикот помага во донесување паметни одлуки. Не е поентата да се избегнува секој ризик, туку да се знае кои ризици се вредни за преземање “посочува Бојан Богоев, Директор на сектор ризици.
Иуте Македонија користи современи аналитички алатки и методологии за процена на ризици, кои овозможуваат проактивно донесување на одлуки и зголемување на отпорноста на компанијата. Тимот за управување со ризици обезбедува навремена анализа, предвидување и управување со тие ризици, со цел да се заштити компанијата и клиентите.
Ревизија – гаранција за интегритет и ефикасност

„Целта на внатрешната ревизија, како независна функција во компанијата, е да овозможи објективно уверување и да врши советодавна улога преку кои ќе се унапредат воспоставените процеси и контроли. Нашиот придонес во остварување на организациските цели е имплементација на систематски пристап за оцена и подобрување на организациското управување и контролните процеси. Едни од најважните компоненти за одржување на висок степен на интегритет и транспарентност се објективното известување и прикажување на реалната состојба, наместо шаблон проверки на разни формалности. Оваа поставеност е клучна за градење на доверба – како внатре во компанијата, така и кон клиентите и регулаторите.“ вели Никола Димчев, Внатрешен ревизор.
Клучот е во поврзаноста на овие три функции. Кога соработуваат, разменуваат информации и користат заеднички алатки, управувањето станува вистинска додадена вредност.
Корпоративно управување – темел на довербата
Иуте Македонија ја третира корпоративната одговорност како стратешки приоритет. Тимот се води од принципите на транспарентност, отчетност и етичко работење, со јасно дефинирани улоги, одговорности и механизми за контрола.
„Веруваме дека доброто корпоративно управување е предуслов за стабилен и одржлив раст. Тоа значи не само почитување на прописите, туку и воспоставување на култура во која интегритетот е водилка во секоја одлука,“ истакнуваат од компанијата.
Со вакви практики, Иуте Македонија покажува дека усогласеноста и корпоративното управување не се административни формалности, туку суштински двигатели на стабилноста, репутацијата и конкурентноста на пазарот. Овој пристап ѝ овозможува на компанијата да остане посветен партнер за клиентите и одговорен играч во финансискиот сектор.
ПР Објава
Аналитика








