Alta Tower ќе биде новото седиште на српската Алта банка, во македонската јавност позната по дадената понуда за купување на сите акции од Стопанска банка Битола. Проектот изработен во соработка меѓу реномираната британската архитектонска компанија Заха Хадид (ZHA) и белградското Биро Кјуб Партнерс (BCP), предвидува кула од 35 ката со површина од 79.470 квадратни метри.
Објектот, кој ќе има и три подземни нивоа, како што пишуваат српските медиуми, ќе се гради во Нов Белград. Локацијата е стратешки избрана – веднаш до шопинг центарот Mеркатор, во близина на паркот Ушќе. Деловните и јавните простори ќе бидат споени: канцеларии, продавници, ресторани, нов плоштад со угостителски содржини, станбени единици.
Креаторите на проектот посочуваат дека архитектурата ја отсликува стабилност, безбедност и отпорност, што е и основната мисија на Банката. Истовремено, обезбедува современа работна средина и поттикнува соработка и иновации.
Се смета дека кулата го претставува и растот на Алта банка, која е во сопственост на Давор Мацура. Во финансиските води влегол со менувачница, а денес има повеќе компании и банка, која Дavor Macura е српски бизнисмен, чие име последниве години е во фокусот на јавноста поради големите финансиски, банкарски и недвижнини проекти.
Мацура е основач на Алта Груп во чиј состав се Алта банка, Алта лизинг, Алта голд и други фирми во сектори како трговија, недвижности, финансииски услуги и инфраструктура. Според пишувањата на српските медиуми, Алта банка е наследник на Јубмес банката, а Мацура ја купил државната акциja за околу пет милиони евра, а потоа и останатите акции, со што станал комплетен сопственик.
Исто така, тој е претседател на Управниот одбор на Aлта банка и претседател на Здружението на менувачниците на Србија.
Инаку, рокот на понудата за купување на акциите издадени од Стопанска банка Битола истекува за два дена, на 10 октомври. Дотогаш акционерите треба да ја прифатат или одбијат цената од 3.777 денари за акција. Понудата ќе се смета за успешна доколку бидат продадени 70,03 отсто од акциите.
Алта банка има 156 милиони евра консолидиран капитал и актива од 1,3 милијарди евра, податоци од крајот на 2024 година.
(Фото: Designboom)