ПОВЕЌЕ

    Раде Кончар-ТЕП плаќа 2.435 денари за акција на Апаратна техника: Понудата важи до 28 октомври

    Време зa читање: 2 минути

    Раде Кончар – ТЕП нуди 2.435 денари за секоја акција издадена од Раде Кончар-Апаратна техника. Акционерите имаат време да се изјаснат, почнувајќи од денес – до 28 месецов. На сметка на Централниот депозитар за хартии веќе се наоѓа банкарската гаранција во износ од 369.411.415 денари, или над шест милиони евра.

    Понудата за преземање, во име на потенцијалниот преземач објавена од Комерцијална банка, се однесува на сите акции 151.709 обични акции со право на глас издадени од Раде Кончар- Апаратна техника. Исклучок се 51.557 обични акции кои веќе се во сопственост на преземачот и лицата кои дејствуваат заеднички со него, како и 2.964 акции на кои им е регистрирано ограничување на правото на глас, а ги поседува Раде Кончар – ТЕП.

    Како што е наведено, преземачот се обврзува да ја купи секоја обична акција со право на глас, а понудената цена е утврдена врз основа на највисоката цена што ТЕП ја платил во последните 12 месеци. Исто така, износот е повисок и од просечната цена на обичните акции постигната на Македонската берза во последните 12 месеци пред известувањето за намерата за преземање.

    Плаќањето на акционерите кои ја прифатиле понудата за преземање ќе се врши со исплата од Централниот депозитар за хартии од вредност. Законскиот рок за тоа е осум дена по приемот на решението од Комисијата за хартии од вредност, со кое се утврдува успешноста на понудата за преземање.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично