ПОВЕЌЕ

    КХВ одобри: Раде Кончар – ТЕП ќе понуди 2.435 денари за акциите на Апаратна техника

    Време зa читање: 2 минути

    Раде Кончар – ТЕП може да ја даде понудата од 2.435 денари за акција, за целосно преземање на Раде Кончар – Апаратна техника. Одобрение има од Комисијата за хартии од вредност, која по ова прашање се произнесе на денешната седница.

    „Комисијата за хартии од вредност донесе Решение со кое на Раде Кончар Трансформатори  и Електрични постројки ТЕП ДООЕЛ Скопје му се издава дозвола за давање понуда за преземање на Раде Кончар Апаратна Техника АД Скопје“, пишува во известувањето од КХВ, каде што се наведени и основните податоци од понудата.

    Од Раде Кочар – ТЕП се заитересирани за преземање на сите 151.709 обични акции со право на глас издадени од Апаратна техника. Со иклучок на 51.557 обични акции, кои веќе се во сопственост на потенцијалниот преземач и на лицата со кои заедно дејствуваат заеднички со нег. Исто така, понудата не важи и за 2.964 обични акции на кои им е регистрирано ограничување на правото на глас, кои ги поседува ТЕП.

    „Според податоците наведени во Проспектот, преземачот се обврзува да ги откупи сите 151.709 обични акции со право на глас по цена од 2.435 денари по акција“, наведуваат од КХВ.

    Рокот за прифаќање на понудата почнува од денот на првото објавување на понудата. А, ќе заврши по 28 календарски денови од започнувањето на рокот за прифаќање на понудатa.

    Во понудата не е утврдена најмалата количина акции како праг од кој ќе зависи успешноста.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично