Витаминка оваа година за првпат се претстави на еден од најзначајните саеми за храна и пијалаци во Саудиска Арабија, Блискиот Исток и Северна Африка – Foodex Saudi Arabia 2025, кој се одржа во Ријад. Настанот претставува водечка платформа за меѓународни брендови од областа на прехранбената индустрија, отворајќи можности за поврзување со партнери и купувачи на пазар од над 36 милиони потрошувачи – потенцијал кој е од огромно значење за Витаминка.
„Foodex Saudi Arabia е водечки меѓународен саем во Саудиска Арабија, 100% посветен на индустријата за храна и пијалаци. Со неговото посетување, компаниите имаат можност да набават производи од над 50 земји и да остварат трговска соработка со изложувачи кои претставуваат глобална понуда на производи и решенија. Станува збор за огромен потенцијал, каде што првпат имаме можност директно да ги претставиме нашите производи. Веруваме дека овој настап ќе отвори врати кон нови партнерства, дистрибутивни канали и значителни извозни можности. Ова е чекор со кој правиме силен пробив на еден од најдинамичните пазари во светот,“ истакна Сашо Наумоски, генерален извршен директор на Витаминка.
Со учеството на Foodex, најголемиот производител на кондиторски производи во Македонија го зацврстува своето регионално присуство и поставува темели за отворање нови потенцијали на Блискиот Исток. Посетителите на саемот имаа можност да се запознаат со богатото портфолио на Витаминка, производи од сите сегменти на слатката и солената програма, кои се веќе препознатливи на повеќе интернационални пазари.
Foodex Saudi Arabia се одржува секоја година во Ријад и претставува средина за поврзување на водечките глобални брендови со локалните увозници, дистрибутери и трговски ланци. Преку големиот број изложувачи, презентации и деловни средби, саемот се позиционира како клучен настан за развој на прехранбениот сектор во регионот.
Со учеството на овој престижен саем, Витаминка потврдува дека континуирано работи на зацврстување на својата улога како амбасадор на македонската прехранбена индустрија и на квалитетот препознатлив во целиот свет.
ПР Објава