ПОВЕЌЕ

    Градежни зафати од 128 милиони евра: Издадени 469 дозволи, ќе се градат 1.037 станови

    Време зa читање: 2 минути

    Се интензивираат активностите во градежниот сектор – во мај се издадени 469 одобренија за градење. За 80,4 насто повеќе во однос на истиот месец минатата година. Најголемиот дел се однесуваат за високоградбата, од каде што ќе произлезат 1.037 станови. Вообичаено, најмногу станови ќе имаат адреса во Скопскиот регион, првенствено во Центар.

    Вредноста на предвидените објекти изнесува 7,87 милијарди денари (околу 128 милиони евра), што е за 34,1 насто повеќе во споредба со мај 2024 година, информираат од Државниот завод за статистика.

    Според структурата, 255 дозволи или 54,4 проценти, се дадени за објекти од доменот на високоградбата, 104 (22,2%) за нискоградба, а 110 (23,5%) за реконструкција. Состојбата меѓу инвеститорите е речиси избалансирана. Во 237 објекти (50,5%) инвестираат физички лица, а во 232 (49,5%) – деловни субјекти.

    Притоа, предвидена е изградба на 1.037 нови станови со вкупна корисна површина од 90.813 метри квадратни.

    Од регионален аспект, Полошкиот регион предничи со 146 издадени одобренија, односно градежен замав има во Тетово, Гостивар и околината. Таму ќе се изградат 295 станови, од кои 161 во Тетово, а 88 во Гостивар.

    Според дозволите, следува регионот на Скопје. Издадени се 86 одобренија. По планираните станови, главниот град со околината немаат конкуренција. Тука ќе се изградат најмногу станови441. Од нив, дури 276 ќе бидат со адреса во Општина Центар.

    Североисточниот регион, пак, бележи најниска градежна активност со само шест издадени одобренија во мај.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично