Казната од Комисијата за заштита на конкуренцијата за картелско здружување го потресе Сојузот на стопански комори. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, потпретседателот на Сојузот, Горан Ѓеорѓиевски, признава дека никој од раководството не бил консултиран за спорните состаноци што доведоа до казната. Кој ја носи одговорноста и што точно се случило во комората?
„Јас сум фрапиран од самата ситуација, всушност тогаш бев, затоа што без да бидеме информирани останатите потпретседатели на Сојуз на стопанските комори, таму не има шест на број и Управниот одбор, се презема чекор, своеволно, заедно со претседателот, заедно со еден потпретседател, односно претседател на Трговска комора, да прават со состаноци, со четири трговски ланци. И сега тоа, од после го дознаваме ние, не сме информирани, меѓутоа уште потрагично е да, после тоа се излегува со едно известување од страната на Сојузот на стопанските комори, за кое што практично Комисијата за заштита на конкуренција се фаќа, и за кое што се евидентира дека постои ваков прекршок во насока на картелско здружување..“
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот Јутјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.