ПОВЕЌЕ

    Јане Јаневски од Управниот премина во новиот Надзорен одбор на „Тиквеш“  

    Време зa читање: < 1 минутa

    Jане Јаневски повеќе не е дел од Управниот одбор на Винарската визба „Тиквеш“. Неговата оставка е спроведена во Централниот регистар со датум од втори јуни, информираат од Акционерското друштво за производство и промет на вино.

    Всушност, директорот за финансии Јаневски е во новот состав на Надзорниот одбор на компанијата, избран на акционерското Собрание што се одржа минатиот петок. Во тоа раководно тело се и членот Кристијан Поленак, адвокат од Адвокатското друштво Поленак и независниот член Руди Лазаревски, економист кој беше одговорен партнер за развојот на PwC праксата во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија.

    На членовите од претходниот Надзорен одбор: Зоран Мартиновски, Тихомир Атанасовски, Христина Ружиновска, Борче Илиоски и Миле Бундовски, мандатот им заврши на 28 мај.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично