ПОВЕЌЕ

    По период на инвестиции, од ланската добивка има дивиденда за акционерите на Витаминка

    Време зa читање: 2 минути

    Секоја акција издадена од Витаминка Прилеп на акционерите им носи дивиденда од 400 денари. Како награда за успешно одработената 2024 година ќе се поделат 29.516.000 денари или 479,9 илјади евра. Ова се бруто износите, при што дивидендата достигнува 12,3 проценти од номиналната вредност на акцијата. Овие одлуки добија потврда на одржаното акционерско Собрание.

    Последен ден на тргување со право на дивиденда е шести јуни. Датум на пресек на акционерската книга според која се определува листа на акционери на кои ќе им се исплати дивиденда е 10 јуни.

    Инаку, ланската добивка на Витаминка изнесува 65.881.995 денари (над еден милион евра).

    „Во деловната 2024 година друштвото оствари позитивен финансиски резултат којшто е поповолен во однос на претходната деловна година, па од таа причина беше одлучено да се одобри исплата на дивиденда“, наведено е во одлуката.

    Во текот на претходните три години средствата биле вложувани во модернизирање на техничко-технолошките процеси. Исто така, и поголемиот дел од минатогодишната добивка – од 36.365.995 денари (591,3 илјади евра) ќе се реинвестира.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично