ПОВЕЌЕ

    ДЕБАКЛ НА ТЕСЛА НА СТАРИОТ КОНТИНЕНТ: Додека Европејците масовно купуваат електрични автомобили, на овој бренд продажбата му се намали за над 52 проценти

    Време зa читање: 2 минути

    Продажбата на американскиот гигант за електрични возила „Тесла“ се намали за 52,6% во април на годишна основа, покажаа податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) објавени во вторник.

    Тесла на милијардерот Илон Маск продаде само 5.475 возила во април во Европската Унија, покажа извештајот на ACEA, додека оваа бројка изнесуваше 11.540 единици во април 2024 година.

    Во меѓувреме, продажбата на електрични автомобили на батерии скокна за 34,1% на 145.341 единици во ЕУ.

    Во првите четири месеци од оваа година, продажбата на Тесла е намалена за 46,1% во споредба со првите четири месеци минатата година. Ова значи дека во текот на првите четири месеци од оваа година се продадени само 41.677 автомобили.

    Студијата се совпаѓа со податоците од почетокот на овој месец кои покажаа дека продажбата на „Тесла“ во Германија и Велика Британија падна на најниската точка за повеќе од две години во април.

    Европејците купуваат повеќе кинески автомобили, при што кинескиот производител BYD ја престигна Тесла како водечки избор на автомобили за Европејците кои сакаат да купат чисто електрични автомобили во април.

    Според податоците од компанијата за автомобилски истражувања JATO Dynamics, во април кинескиот производител на електрични автомобили го надминал Тесла на европскиот пазар.Односно биле регистрирани 7.231 чисто електрични автомобили BYD, во споредба со 7.165 Tesla во април.

    Некои експерти го припишуваат падот на брендот електрични возила на Елон Маск на континентот на бавното воведување на најновата верзија на популарниот Model Y, додека други посочија на вмешаноста на Маск во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

    Во Германија, луѓето сè уште купуваат електрични автомобили произведени од Mercedes и Volkswagen, додека BYD и други кинески брендови како што се Nio и Xpeng остануваат попопуларни во Шпанија и Италија.

    (Фото: InsideEVs)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично