ПОВЕЌЕ

    „ЌЕ ИМАМЕ СУПЕР АПЛИКАЦИЈА СО ЛИЧНА КАРТА, возачка и сите документи!“ – Стефан Андоновски за „Каде се парите“?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Стефан Андоновски најавува во „Каде се парите“: Супер апликација што ќе го замени паричникот и шалтерите!

    Доаѓа време кога личната карта, возачката, казните и сите државни нотификации ќе ви бидат во телефонот.

    Министерот вели — апликацијата ќе биде тестирана до 2025 – та, а во 2026 – та ќе биде достапна за сите. Прашањето е: дали државата е подготвена за ваква дигитална револуција?

    „Втора фаза ќе биде мобилната апликација, која што веќе по долго време ја најавувам, која што ќе биде државна супер апликација, во која што ќе бидат вклучени и електронската лична карта, електронската возачка дозвола, но и нотификациите, се случи некоја поголема несреќа, не дај Боже во определен регион од државата, имаме временска непогода, треба да ги информираме граѓаните, практично ќе служи за информирање на граѓаните, но и персонализирано, дека вам ви истекува личната карта за определено време, дека вие треба да направите нешто, дека сте добиле казна и така натаму“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично