На акционерите на НЛБ банка ќе им биде исплатена дивиденда во вкупен износ од 2.217.142.356 денари или 36,05 милиони евра. Секоја акција на сопствениците им носи по 2.596 денари. Средствата се издвоени од добивката што лани ја оствари Банката, од над 53,2 милиони евра. Исплатата ќе стартува на 25 јуни, откако одлуките ќе се усвојат на акционерското Собрание кое треба да се одржи на 29 мај.
Правото на дивиденда се обезбедува со тргувањето со овие акции до 10 јуни. Веќе од 11 јуни тргувањата не го носат тоа право. Листата, пак, на акционерите кои на своите сметки ќе ги добијат парите од дивидендата ќе се утврди со датум од 12 јуни, а ќе биде потврдено со изводот на акционерската книга од Централниот депозитар за хартии од вредност.
НЛБ Банка вкупно има издадено 854.061 обична акција.
Делови од добивката се распоредени и за инвестициски вложувања (3,75 милиони евра) и за опшиот резервен фонд (13,4 милиони евра).