ПОВЕЌЕ

    За акционерите на Реплек дивиденда од 1,5 милиони евра – Исплата од 2 јуни

    Време зa читање: 2 минути

    Акционерите на Реплек ќе поделат дивиденда од 1,54 милиони евра. Износот ќе се пресметува по бруто-износ од 400, односно нето од 360 денари за акција. Исплатата ќе стартува на втори јуни, а претходно предлозите треба да добијат потврда на акционерското Собрание закажано за 16 април.

    Сумата за дивиденда се издвојува од вкупните средства предвидени за распределба од 238.436.872 денари или 3,9 милиони евра. Составени се од минатогодишната добивка која изнесува 166.180.317 денари (2,7 милиони евра) и од претходно нераспределените 72.256.555 денари (1,2 милиони евра).

    Кон реинвестирање се насочуваат 440 илјади евра, а како акумулирана добивка остануваат 1,9 милиони евра.

    Со предлог-одлуката се предвидува и динамиката за исплатата на дивидендата. Почетокот е назначен на 2 јуни, кога парите ќе пристигнат на сметките од акционерите кои поседуваат до 600 акции. На 9 јуни дивидендата ќе ја добијат тие што имаат до 17.000 акции. А, пак, на 23 јуни наградата за успешното работење на „Реплек“ ќе стигне кај акционерите кои се сопственици на над 17.001 акција.

    Според предложениот дивиденден календар, последен ден за тргување со право на дивиденда за 2024 година е 7 мај, прв ден за тргување без право на дивиденда е 8 мај, а датум на стекнување право на дивиденда за 2024 година е 9 мај.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично