ПОВЕЌЕ

    Перспективите на пазарот, инфлациските предизвици и новите можности за инвестирање во фокусот на 11. Ерсте инвеститорски појадок

    Време зa читање: 3 минути

    Гледано низ призмата на стабилноста, искуството, експертизата и европските трендови, Шпаркасе банка е значаен двигател на македонската економија и силен партнер на корпоративниот сегмент и на сегментот население, рече заменик-претседателката на Управниот одбор на Шпаркасе банка, Нина Неданоска, на отворајќи ја конференцијата во рамките на традиционалниот 11-ти Ерсте инвеститорски појадок.

    Банката е посветена на поддршка на македонската економија преку различни иницијативи и соработка со локалните бизниси и институции.

    „Северна Македонија се соочува со различни макроекономски предизвици и трендови. Економскиот амбиент во државата секогаш е под влијание на низа фактори, домашни и надворешни, кои несомнено го диктираат темпото на економската активност. Последните очекувања за следниот период покажуваат тенденции за надолна ревизија на инфлациските очекувања, што може да укаже на подобрување на економските услови или на ефектите од монетарната политика. Ние веќе 16 години активно работиме на македонскиот пазар, а сме дел од австриската банкарска групација Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе, која следната година прославува 200 години и брои 17 милиони клиенти и во 2023 година оствари три милијарди евра профит“, наведе Неданоска.

     

    На конференцијата говореше и вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, која ја анализираше улогата на институцијата во постигнувањето одржлив раст и намалување на инфлацијата.

    Централен дел на програмата беше тркалезната маса на тема „Регионален поглед – трендови на локалните финансиски и пазари на капитал“. Учесниците на панелот дискутираа за идните перспективи на пазарот, за инфлациските предизвици и за новите можности за инвестирање, што е од особено значење за развојот на бизнисите во државата и во регионот.

    На настанот кој е во организација на Ерсте Групацијата и Шпаркасе банка АД Скопје, учествуваа истакнати експерти од економскиот сектор и водечки претставници на финансиските институции, кои споделија свои видувања за актуелните макроекономски предизвици. Во нивните искажувања се фокусираа на стратегиите за постигнување одржлив раст и економска стабилност, што е од големо значење за напредокот на локалниот и на регионалниот пазар.

    Исто така, настанот е дел од долгорочната традиција на Ерсте Групацијата и Шпаркасе банка за поддршка на економскиот раст и стабилност, потврдувајќи ја улогата на Банката како една од водечките финансиски институции во Средна и Источна Европа, која обезбедува услуги за милиони клиенти во целиот регион.

     

     

     

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично