ПОВЕЌЕ

    САМО 57 ДЕНАРИ Е НАМАЛЕНА КОШНИЧКАТА, потребни 1.000 евра за да се преживее месецот

    Време зa читање: 2 минути

    Јазот меѓу приходите и потребите на граѓаните е драстично зголемен во изминатите десеттина години. Потрошувачката кошничка покажува дека само во последните три години цените пораснале за речиси 60 проценти.

    На едно македонско семејство му требаат 61.249 за да може да го преживее месецот, а доколку нема сопствен дом и плаќа кирија, тогаш не му стасуваат ниту  76 илјади денари за да ги подмири основните трошоци. Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за октомври 2021 година изнесувала 34.574 денари.

    Од 2012 година до 2020 година, потрошувачката кошница се зголемила за 1.715 денари. Но, од 2021 година трошоците за живот почнуваат галопирачки да растат, а инфлацијата го подјаде стандардот.

    Ваквите минимални потреби станаа преголем залак за голем дел од македонските домаќинства, особено за тие чии примања се под просечната плата, а такви се најголем дел од работниците што работат во стопанските дејности.

    Од Сојузот на синдикати на Македонија информираат дека споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2024 година која изнесуваше 61.306,00 денари е намалена за 57,00 денари.

    Оттаму велат дека мерката на Владата за ограничување на висината на маржите дала дел од посакуваниот резултат, но, поради алчноста за профит кај трговците што Државата мора да го заузда, тие ги зголемиле цените на сите производи.

    -Цените треба уште да се намалуваат, а нивното зголемување нема никаква поврзаност со економската логика, ниту пак со здравиот разум, туку има поврзаност само со алчноста која е се поизразена во Македонија – нагласуваат од ССМ.

    Од ССМ сметаат дека при креирањето на мерките Владата треба да го вклучи синдикатот за тие да бидат  подобри, имајќи предвид дека во последната мерка 47 категории на производи од 70, беа преземени од Синдикалната минимална кошница која ја подготвува ССМ, а за кои го имаат движењето на цените во секој месец од почетокот на годината. Од ССМ сметаат дека се потребни поголеми контроли и доколку е потребно и казни за несовесните трговци кои се богатат на грбот на работниците и граѓаните.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично